Проблематично судство

Македонија и натаму добива критики за состојбите во судството. Политички притисоци, корупција, одолговлекување на постапките... дел од проблемите што се посочуваат.
Македонија има многу добри закони, но само на хартија, сметаат упатените. Дали судовите, наместо последно место каде може да се бара правдата, се претворија во кочничари на остварувањето на човековите права? ВД Претседателот на Хелсиншкиот комитет во Македонија Осман Кадриу во интервју за Радио Слободна Европа вели дека покрај добрата регулатива, мора да се забележи дека има и проблеми:
И одредени девијантни појави за кои мораме да признаеме дека ги имаме прашањето на корупцијата, на судење вон разумните рокови, а има индикации и дека во одделни постапки има и судење врз основа на политички диктат надвор од судската власт


,,И одредени девијантни појави за кои мораме да признаеме дека ги имаме прашањето на корупцијата, на судење вон разумните рокови, а има индикации и дека во одделни постапки има и судење врз основа на политички диктат надвор од судската власт."

Сето тоа го нарушува интегритетот на судската власт, вели Кадриу:

,,Се нарушува оној важен принцип што во нашето право и во самиот Устав е подвлечено, дека судската власт е една, но рамноправна со другите две власти, со извршната и законодавната без право да се мешаат другите власти во судската власт."

Судот во Битола


Од тука се поставува прашањето како може обичниот граѓанин да се снајде во судскиот систем, кој дури и според меѓународната заедница е еден од најспорните елементи во државата? Претседателот на Транспарентност Нулта корупција Слаѓана Тасева вели дека е многу тешко за обичниот човек
Се нарушува оној важен принцип што во нашето право и во самиот Устав е подвлечено, дека судската власт е една, но рамноправна со другите две власти
кога ќе се соочи со корупција во судовите.

,,Е тука само треба да им кажеме на граѓаните дека и за судиите важат истите закони како и за сите други граѓани. Значи тие исто така можат, се и треба да бидат кривично одговорни за секоја повреда на кривичниот законик, а исто така постојат и други опции за пријавување на надлежните институции кои што ја контролираат работата на судиите како што е Републичкиот судски совет."

Во медиумите се зачестија најавите за „пренесување“ на судските спорови во Стразбур, на меѓународниот суд за човекови права. Тоа не секогаш се случува поради корупција, вели Тасева:

,,Имаме случаи, точно. Не се сите тие резултат на корупција, мислам дека повеќе поради непочитување на правилата во постапките и одолговлекување непотребно на постапките, повреда на човековите права во постапките и мислам дека од таму треба да влечеме добра поука."

Судството деновиве го критикуваа и претставниците на меѓународната заедница во Македонија. Американскиот амбасадор Филип Рикер, во интервју за А1 телевизија, изјави дека инволвирањето на власта во поединечни судски случаи предизвикува страв кај граѓаните и го кочи економскиот развој на државата.