Серијата успеси на македонското карате продолжува и во 2011 година. Највредниот, златен трофеј на турнирот во Париз го освои каратистот Мартин Несторовски.
Нашите каратисти, сениори и јуниори, месецов веќе стигнаа до пет нови трофеи, а за највредниот се избори репрезентативецот во категоријата над 84 килограми, Мартин Несторовски. Тој во Париз, на првиот турнир од годинашната Премиер лига освои златен медал и го забележа најголемиот успех во кариерата. За да биде задоволството поголемо, тоа се случи на најценетиот турнир, каде што замина без поголеми очекувања.
„Искрено не го очекував успехот со оглед на тоа дека имав повреда на р`бетот и не вежбав повеќе од еден месец, меѓутоа задоволен сум како сработев и од мојата физичка подготовка и со активно вежбање дојдов до овој резултат“, изјави Несторовски.
Тој признава дека имал и многу среќа зашто во две од шесте кола беше слободен. Сепак, тоа не го намалува сјајот на златото до кое дојде во конкуренција на 44 каратисти од 23 држави, а по победите над двајца Французи, и по еден Јапонец и Алжирец, без при тоа да загуби ниеден поен. Постигнување за гордост, вели тој.
„Голем мотив за да се продолжи со работа каде што треба да го докажам ова на следните турнири затоа што премиер лигата е составена од шест турнири каде што има бодовна листа, значи сето тоа на крај ќе се сумира, така што ќе се потрудам да го повторам овој резултат и да останам на врвот на оваа табела“, додаде Несторовски.
Тој првите 6 години од својата кариера ги мина во клубот „Балкан“. Наредните 3,5 години беше дел од „Аеродром“, од каде пред пет години премина во „Металург“. Како член на овој клуб ги постигна најзначајните успеси на меѓународната сцена, каде, пред златото од Париз, освои три бронзи - на Балканско и Универзитетско првенство, и на јуниорски европски шампионат. Ова говори дека во иднина од него може да се очекуваат уште повредни трофеи на врвните натпреварувања, а пред се на сениорското Еуро, во мај во Швајцарија. Мартин е свесен дека тоа нема да биде лесно, но и не крие дека верува во себе.
„Има шанси, никој не е непобедлив, може да се стигне до тоа, само со желба, со работа и голема воља. Така што мислам дека можам да стигнам и на сениорско, зошто да не“, истакна на крајот Мартин Несторовски.
Во неговата колекција од медали се наоѓаат и репрезентативното Универзитетско злато, како и бронзите од Медитеранските игри и од Балканијадата.
Голем мотив за да се продолжи со работа каде што треба да го докажам ова на следните турнири затоа што премиер лигата е составена од шест турнири каде што има бодовна листа, значи сето тоа на крај ќе се сумира, така што ќе се потрудам да го повторам овој резултат и да останам на врвот на оваа табела.