Македонскиот преговарач и амбасадор во САД, Зоран Јолевски на консултации со државниот врв за спорот за името пред средбата во Њујорк на 9 февруари.
Од македонското МНР информираат дека Јолевски ќе има поединечни средби со државниот врв. Заедничка средба нема да се организира бидејки ставот на Република Македонија е веќе познат, а неодамна го потврди и премиерот: ќе се чека предлог од медијаторот Нимиц кој е взаемно прифатлив за Македонинја и Грција, по што ќе се распише референдум. Од тука и прашањето: Дали ваквиот став на власта покажува трпение и согласност со процесот во Обединетите нации или пак можеби испаѓа дека чекаме „некој од надвор“ да ни сервира решение „на тацна“, со што оставаме впечаток на незаинтересираност и несериозност?
Професорот Денко Малевски вели дека сега разговорите за името се влезени во многу покомплексна фаза:
„Сега се е собрано на куп. Сега се дебатира практично за сите теми, како за името на државата, така и за идентитетските теми врзани за културата, јазикот итн.“
Напредок во разговорите нема да се случи ако само се чека на решение од надвор, смета Малевски:
„Очекувањата дека некој од надвор нешто ќе ни се сервира, а потоа ние тоа ќе го дадеме на народот и народот ќе го отфрли, не е решение.“
Од Министерството за надворешни работи велат дека поради преполната агенда, Јолевски ќе се сретне само со претседателот, премиерот, вицепремиерот и министерот за надворешни работи. Не се предвидени средби со опозицијата, чии членови сметаат дека целиот процес на разговори за името се води несериозно. Претседателката на Националниот совет за евроинтеграции и член на СДСМ Радмила Шеќеринска вели дека во разговорите со јужниот сосед, власта слабо ги застапува интересите на земјава:
„Мислам дека владата е повеќе сконцентрирана на тоа како да најде оправдување отколку на тоа како да ги одбрани интересите и потребите на македонските граѓани.“
Неофицијално, на средбата во Њујорк, Нимиц сакал да ги „притисне“ Скопје и Атина да ги забрзаат разговорите за да се реши долгогодишниот спор со името до јуни. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу, од друга страна, во синоќешното обраќање пред Парламентот во Атина изјави дека не е оптимист за скорешно решавање на спорот за името.
Очекувањата дека некој од надвор нешто ќе ни се сервира, а потоа ние тоа ќе го дадеме на народот и народот ќе го отфрли, не е
решение.
Професорот Денко Малевски вели дека сега разговорите за името се влезени во многу покомплексна фаза:
Средба на претседателот Ѓорге Иванов со медијаторот Метју Нимиц, Антонио Милошоски и Зоран Јолевски на 23 февруари 2010 во Скопје
„Сега се е собрано на куп. Сега се дебатира практично за сите теми, како за името на државата, така и за идентитетските теми врзани за културата, јазикот итн.“
Напредок во разговорите нема да се случи ако само се чека на решение од надвор, смета Малевски:
„Очекувањата дека некој од надвор нешто ќе ни се сервира, а потоа ние тоа ќе го дадеме на народот и народот ќе го отфрли, не е решение.“
Мислам дека владата е повеќе сконцентрирана на тоа како да најде оправдување отколку на тоа како да ги одбрани интересите и потребите на македонските
граѓани.