Нееднаквост пред законите?

Експертите велат дека со Законот за легализација на дивоградбите и законот за откуп на дворните места, граѓаните се ставаат во нееднаква положба.
Кој плаќа на време, плаќа најскапо. Граѓаните се жалат дека неплаќачите на државните давачки се привилигирани во земјава. Велат дека не е фер некој да и плати и три илјди евра на државата, а друг да даде само 500 евра надвор од сите предвидени рокови за истите давачки. Законот за легализација на дивограби или Законот за откуп на двор по евро од метар квадратен, регистрација на куќни совети, патриотски каси, пролонгирање на датум за спроведување на
Во оваа држава ништо не е рамноправно, некои се повеќе привилигирани некои помалку.
ХАСАП стандари – ова се дел од законите за кои граѓаните се жалат дека ги ставаат во нееднаква положба. Со последните измени во законите како што се пролонгирање на роковите за плаќање, намалување на давачките, пакети за кои не е потребна цела документација и слични проекти создаваат револт кај граѓаните.


„Во оваа држава ништо не е рамноправно, некои се повеќе привилигирани некои помалку.“

„Треба да биде за сите рамноправно.“

„Знаете како, тоа излгеда дека во моментов не е фер, но мора да има некакви промени и мислам дека дел од тие промени и не се така негативни. Но,
Редовните и дисциплинираните граѓани да ги стимулира во смисла да истите во иднина не ги извршуваат своите задачи, односно своите обврски, очекувајќи државата да има и кон нив привилиран однос како и кон оние вторите.
секогаш кога има такви промени, пресеци, се јавува еден вид револт.“

Експертите велат дека ваквите работи се случуваат веќе неколку години наназад и создават груба нееднаквост на граѓаните. Правникот Драган Малиновски вели дека овие проекти во долгорочен план може да создадат сериозен проблем.

„Редовните и дисциплинираните граѓани да ги стимулира во смисла да истите во иднина не ги извршуваат своите задачи, односно своите обврски, очекувајќи државата да има и кон нив привилиран однос како и кон оние вторите, што на крајот на краиштата може да се врати и како бумеранг кон алиментирањето на своите приходи од страна на државата.“

Малиновски вели дека оваа појава може да се објасни со недоволната ефикасност на јавната администрација да ги собере своите приходи и соочувајќи се со огромна маса со ненаплатени побарувања тргнува по принципот да земе нешто што може да се земе.

„А по однос на, еве конкретно да го аргументираме случајот со градежното земјиште, мислам дека се поставија некои нереални очекувања дека преку тој проект може да се алиментираат поголеми приходи, меѓутоа откако се виде дека во алиментацијата на законот оди слабо дојде до намалување и се виде дека и во ситуација на едно евро по метар квадратен, повторно тешко може до крај да се спроведе тој процес.“

За да се избегне нееднаквоста меѓу редовните плаќачи на државните давачки и привилигираните неплаќачи потребно е пред да се донесе некој закон да се испита дали е спроведлив на терен да коренсподира со фактичката состојба, додава Малиновски.