Нереализирани антикризни мерки?

Текстилна фабрика во Прилеп

Пакетот мерки кој што прилепската секција на конфекционери го побарала од Владата на почетокот на кризата во 2009 година, запрел уште при почетокот на реализацијата.
Како што информираат надлежните, барањето за намалување на давачките: даноците и придонесите во кризниот период од три години не е реализирано.

„Даноците и придонесите беа проектирани да се намалат до некаде 50 отсто во
Даноците и придонесите беа проектирани да се намалат до некаде 50 отсто во рок од три години. Меѓутоа, веќе првата година со намалување од 10отсто и се застана, се замрзна во време на кризата таа мерка, еве за 2011 веќе не се споменува.
рок од три години. Меѓутоа, веќе првата година со намалување од 10 отсто и се застана, се замрзна во време на кризата таа мерка, еве за 2011 веќе не се споменува“, истакнува Благоја Конески, претседател на секцијата на текстилци во Прилеп.

Според него состојбата во текстилот се подобрува од крајот на минатата, а за оваа година има најави за селење на капиталот на дел странски инвеститори во сиромашни држави кои се поблиску во европскиот пазар, меѓу кои е и Македонија.

Илустрација

„Се чувствува поголема заинтересираност на странските партнери за нашиот пазар на работна сила, односно интерес за преселба на производството од Блискиот Исток, Кина, Индија на овие наши простори. Од причина на блискост до западно-европскиот пазар и побрза испорака, значи за помали серии на производство се позаинтересирани производството да биде блиску до нив“, оценува Конески.

Тоа секако ќе создаде простор за нови работни места, но
Се чувствува поголема заинтересираност на странските партнери за нашиот пазар на работна сила, односно интерес за преселба на производството од Блискиот Исток, Кина, Индија на овие наши простори. Од причина на блискост до западно-европскиот пазар и побрза испорака, значи за помали серии на производство се позаинтересирани производството да биде блиску до нив.
сепак како што вели нема да се избегне појавата на сезонски отпуштања од работа, кои секогаш ќе предизвикуваат турбуленции и во целокупниот домашен стопански амбиент, а особено во скромниот семеен буџет на конфекционерите. Затоа државата, според Конески, неопходно е да размислува да интервенира во овие ситуации за да може што побезболно да се надминат стопанско-социјалната флуктуација кога е неизбежна.

Зашто текстилната дејност се уште не е производствена, туку е услужна.
Сопствениците не може самостојно да ги формираат ниту цените на услугите, ниту на трудот, туку се условени од диктираните цени на странските партнери.

„Наместо во периоди кога нема работа, ние да ги отпуштаме и да одат на терет на државата, под Бирото за вработување да останат во фирмата, меѓутоа да бидат ослободени за тој период од плаќање на придонеси. Или дел процентуално, 50 отсто да бидат ослободени од плаќање на придонеси, додека не се работи. А, тоа е можно и да се спроведи и да се контролира таквиот начин на работа“, смета Конески.

Според анализите, во Прилеп функционираат 40-ина фирми. Половината се поголеми текстилни претпријатија. Неколку од нив се со странски, претежно грчки капитал. Дел грчки сопственици имаат вложено голем капитал и долгорочни планови, но дел се времено во градот. Околу 2000 граѓани засега во овие фирми ја обезбедуваат својата скромна егзистенција. За време на кризата без работа останаа речиси 1000 конфекционери, но годинава се очекува подобрување на состојбите.