Македонскиот спорт во 2011

Спортски радости за навивачите во 2011?

Македонија годинава ќе учествува на меѓународни натпреварувања во повеќе спортови. Спортистите очекуваат успеси.
Во 2011-та година, македонските спортисти ќе имаат бројни настапи на меѓународната сцена, а покрај националните тимови, во фокусот ќе бидат и поединците кои се борат за олимписка виза за Лондон. Нашите адути на последните две летни Олимпијади најчесто патуваа со вајлд карти, а пред три години во Пекинг единствен со норма беше спортистот за 2010 - та, кајакарот Атанас Николовски. Тој и сега е најсериозен кандидат за исполнување норма, а првата, од двете шанси, ќе ја има на септемвриското СП во Братислава.

Во септември, на Светските првенства во Пекинг и во Истанбул, олимписка виза ќе бркаат и боксерите Примислав Димовски и Вели Мумин, како и борачите Дејан Митров и Дејан Богданов. Борачите во април треба да настапат и на Европскиот шампионат, а во мај, во Кина, пливачите Симона Маринова и Марко Блажевски.

Од натпреварувачите во неолимписките спортови и годинава во преден план ќе бидат каратистите. Тие имаат богата меѓународна програма, во која, за нашата најдобра спортистка во последниве две години Наташа Илиевска, топ настан ќе биде:

Арена Филип Втори

„ЕП како и секоја година се одржува во мај. Јас се надевам на медал и на ова натпреварување.“

Во првата половина на март стартуваат настапите на националните тимови. Први на сцената ќе се појават ракометарите со двомечот со Унгарија, во квалификациите за ЕП во Србија. Ако не по овој двомеч, сите дилеми ќе бидат разрешени по мајските средби во Естонија и во Скопје со Босна и Херцеговина. Со победи на овие дуели, сигурно ќе сме втори во групата, што значи учество на Еуро.

На чекор од враќање на врвната сцена се и ракометарките. Тие во јуни со Шпанија ќе играат бараж двомеч за пат на СП во Бразил. Противникот е фаворит на хартија, со што се согласува и селекторот Гино Стрезовски. Но, тоа не значи и дека тој не верува во наш пласман на Мундијалот.
Меѓутоа имаме доста играчи кои играат надвор, искуство повеќе и очекувам да го повториме
успехот.

„Остануваат добри четири месеци работа за подготовки, ќе бидме максимално спремни, прво во Шпанија, а потоа во Македонија.“

Квалификации за ЕП играат и фудбалерите. Тие се уште имаат шанси за подобар пласман од четвртото место во групата, иако по 4 кола се петти во конкуренција со Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора.

Многу поголеми се очекувањата од кошаркарите, кои вторпат едноподруго ќе бидат дел од едно ЕП. Овојпат во Литванија, каде во септември ќе го браниме деветтото место освоено на претходниот евро собир во Полска. Според нашиот најдобар селектор за лани, Марин Докузовски, Македонија има сили за повторување на тој историски успех, иако голем хендикеп ни е неконкурентното домашно првенство.

„Меѓутоа имаме доста играчи кои играат надвор, искуство повеќе и очекувам да го повториме успехот.“

Од селекциите, треба да се спомне и ватерполо тимот. Тој, преку дуелите со Шпанија и Белорусија ќе се бори за влез во баражот, а потоа и за второ учество на СП, сега во Холандија.

Од поединечните спортови пак, нов блесок се очекува и од кугларите, кои најавуваат медал и на репрезентативното СП, во мај, во Сараево. Два месеца претходно, алпските и нордијските скијачи ќе бидат дел од Мундијалите во Германија и во Русија. Тие, но и сите претходно споменати, посакуваат, ако не повеќе, барем да ги постигнат своите најдобри резултати. Колкумина ќе успеат во тоа ќе видиме во наредните 360 дена.