Достапни линкови

Финале на националниот фудбалски куп


Денеска се игра финалниот меч за освојување на националниот фудбалски куп, во кој силите ќе ги одмерат Работнички и Тетекс. И додека овој меч во секоја земја е празник за спортот, во Македонија јавноста дури и не знае дека денеска е финалето. За разлика од високата гледаност на странскиот фудбал, граѓаните велат дека не го следат македонскиот фудбал поради немањето квалитет.

Финалето на националниот фудбалски куп е круната на фудбалската сезона во секоја земја. Тој меч насекаде низ светот е празник за спортот и се очекува со голема возбуда, не само кај симпатизерите на двата клуба кои ќе се борат за вредниот пехар. Токму тој натпревар денеска се игра во Македонија, поточно на Арената Филип Втори во Скопје, каде што од 16 часот силите ќе ги одмерат двократниот куп победник Работнички и Тетекс, кој за прв пат е дел од мечот за трофејот. Од двата табора најавуваат квалитетен дуел, но, за жал, тој не привлекува внимание во домашната јавност, која речиси и не знае дека попладнево ќе го добиеме победникот во купот.
Не сум во тек. Не е интересно, не го пратиме многу македонскиот фудбал, повеќе
странскиот.


„Не сум во тек. Не е интересно, не го пратиме многу македонскиот фудбал, повеќе странскиот.“

„Прв пат слушам, а и не ме интересира македонскиот фудбал“, изјавија анкетираните граѓани.
Фудбал - илустрација

Оваа ни малку пријатна реалност не се должи на незаинтересираноста за фудбалот. Напротив, тој е најпопуларен спорт во Македонија, што се покажува преку масовното следење на средбите од меѓународната сцена, кои се празник за очи. Тоа не е случај со нашето првенство, затоа што во него фудбалот е во втор план.

„Јас сум спортист. Денеска ако имаш познанства ќе влезеш, ако не ти викаат „чао, пријатно, дечко не си за наши потреби.“
Лигата е во катастрофална состојба, такви работи нема во ниту една земја во светот. Подобро да не постои фудбалот
тука.


„Нема многу заинтересираност, неквалитетна лига, малку клубови.“

„Лигата е во катастрофална состојба, такви работи нема во ниту една земја во светот. Подобро да не постои фудбалот тука.“

„Нема никаков квалитет тука, се се знае однапред, клубовите пропаѓаат, општ хаос“, додаваат љубителите на спортот.
Публика на фудбалски натпревар

Имајќи го предвид речиси дведецениското назадување на мак - фудбалот, тие не се големи оптимисти дека во блиска иднина работите ќе тргнат на подобро, иако имаме потенцијал за големи резултати. Последен пример за тоа е Горан Пандев, кој во саботата со неговиот Интер триумфира во Лигата на шампионите. Тоа е доказ дека и клубовите може да имаат забележителни настапи вон нашите граници, но, за такво нешто потребни се многу промени.

„Треба да се работи за напредок на фудбалот, а не за лични интереси.“

„Малку да има некои инвестиции и ќе се прочуе и македонскиот фудбал.“

„Повеќе да учествуваат тие што се занимаваат со фудбал, спортисти што долго време работат на тоа, а не некои што прв пат влегле во спортот и мислат дека знаат се“, порачуваат граѓаните кои и покрај се, се надеваат дека во денешното куп финале, бранителот на трофејот Работнички и Тетекс барем малку ќе ја вратат вербата во македонскиот фудбал.
XS
SM
MD
LG