Достапни линкови

Фудбалски бојкот


Од прославата на стогодишнината на ФФМ
Од прославата на стогодишнината на ФФМ

Изборното собрание на ФФМ уште повеќе ги раздвои фудбалските работници. Три прволигаши минатото коло го бојкотираа првенството.

Место да ги обедини, изборното Собрание на ФФМ и новиот претседателски мандат на Харалампие Хаџиристески уште повеќе ги раздвои фудбалските работници. Македонија ЃП, Слога Југомагнат и Хоризонт Турново обвинија за фалсификат, па во неделата не ги одиграа средбите во Првата лига, барајќи ново Собрание, Здружение на прволигаши и второлигаши и клубовите да имаат најмалку половина од делегатите во Собранието. ФФМ одговори со службен пораз за сите кои не играа и закана со исклучување од лигата на
Знаеме како беше македонскиот фудбал до сега, сега не знаеме дали ќе продолжи да се игра или не. Ако престане да се игра, може луѓето од Европа да кажат пет години нема да играте, играјте си меѓу вас турнири
оној кому тоа ќе му се повтори уште еднаш. Сепак, тоа не ги плаши штрајкувачите, бидејќи откажувањето на барем два клуба ќе значи поништување на првенството. Кога на тоа ќе се додадат најавите за приклучување на други прволигаши, но и второлигаши, јасно е дека ситуацијата е алармантна, а од неа, според поранешниот капитен на репрезентацијата, Љупчо Марковски најголем губитник е оној во кој сите се колнат, македонскиот фудбал.

„Знаеме како беше македонскиот фудбал до сега, сега не знаеме дали ќе продолжи да се игра или не. Ако престане да се игра, може луѓето од Европа да кажат пет години нема да играте, играјте си меѓу вас турнири.“

рече Марковски. Според него, завојуваните страни под итно мораат да најдат заеднички јазик. Тоа е единствениот услов за спас на фудбалот, иако тој не е оптимист дека работите ќе тргнат на подобро.

„Познавајќи ги луѓето од едната и другата страна тешко ќе најдат заеднички јазик. Имале толку време да седнат и да најдат да не дојде до овој радикален потег. Се одлучиле на тоа, така што во моментов според мене не гледам излез за решавање на кризата.“
додаде Марковски. Со неговото мислење се согласуваат и љубителите на спортот, според кои двете страни се виновни за актуелниот хаос. Затоа, за доброто на мак – фудбалот сите треба да си заминат од него, а тој со нови луѓе да почне од нула .

„Ова е борба за превласт. Кој да работи со донациите на ФИФА и УЕФА. Излезот? Да дојдат нови спортски работници, сите оние кои до сега се во мак фудбалот да се тргнат за негово добро.“
„Мислам дека треба да се одржи ново Собрание со нови делегати и да се избере нов претседател.“
„Треба да се избере нов претседател на ФФМ“

изјавија анкетираните граѓани.
XS
SM
MD
LG