Чистење на избирачкиот список

И покрај активностите за чистење на избирачкиот список без утврдување на механизам за институционална соработка, тој повторно ќе отвара дилеми, велат упатените.
Се додека не се утврди механизам за институционална соработка, избирачкиот список повторно може да биде тема која ќе отвора дилеми. Ова се дел од првичните забелешките на упатените во однос на операцијата за прочистување на избирачкиот список и враќање на довербата во него. Досега, Mинистерството за правда објави дека е направена проверка на матичните книги на родените и на умерените од 1980 до 2010 година и било најдено
Точно да се знае кои од институциите затаиле во овој процес и тие институции да ја подобрат работата и квалитетот на информациите што ќе ги проследуваат.
дека за 14 илјади и 930 лица не биле наведено дека се починати, а фигурираат во избирачкиот список.

Од Граѓанската организација Мост, која беше дел од четирите работни групи ангажирани во пилот вежбите кои се однесуваа на прочистување на избирачкиот список наведуваат дека методологојата која била применувана е комбинација на две најпознати меѓународни методологии, но дека не може да се увиди доволно што се случува со институционалната соработка:

„Точно да се знае кои од институциите затаиле во овој процес и тие институции да ја подобрат работата и квалитетот на информациите што ќе ги проследуваат, односно протокол на проток на информации, тоа е тоа што во овој момент е делумно нејасно или пак не се имплементирало во минатото од страна на одредени институции“, изјави Дарко Алексов, извршен директор на Асоцијацијата.

Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација Мост

Мост беше вклучена во пилот проектот во Гостивар и Виница од каде истата методологија се примени и во другите општини. Битно е да се напомене и дека во активностите се вклучени МВР, МНР, ЗЕЛС и сите релевантни институции. Меѓутоа забелешките се однесуваат на тоа што точно треба да се знае каков е проток на информации. Министерството за правда, пак, иако претходно најави дека крајот на годината е последниот рок до кога треба да излезат со бројки што ги нашле на терен, најави дека во наредниот период ќе вртат уште триесет години назад и дека оваа проверка ќе биде рачна за разлика од досегашната електронска:
Подрачните единици на Министерството за правда според моето мислење и според некои податоции, индиции што ги имаме, се уште не се комплетирани и сеуште кај нив пред се не се ажурирани тие податоци.


„Значи е утврдена определена состојба, тој процес и понатаму продолжува, за да можеме целосно да ги утврдиме состојбите, бидејќи во матичните книги има една графа ’забелешка‘ во која некогаш стои ’починато лице‘, но кога ќе проверите тоа починато лице нема соодветно да го најдете запишано во матичната книга на умрените“, изјави министерот Михајло Маневски.

Претстојат уште доста активности за ажурирање на списокот кој не е усогласен со сегашната состојба. Тоа претставува една од релевантните активности да имаме регуларни избори во спротивно ќе имаме избори на кои ќе има гласање на лица кои не постојат. Овие препораки на земјава и беа дадени и од Европската унија по последниот изборен циклус.

Професорот Осман Кадриу смета дека објективни потешкотии има во подрачните единици на министерството за правда:

„Подрачните единици на Министерството за правда, според моето мислење и според некои податоции, индиции што ги имаме, се уште не се комплетирани и сеуште кај нив пред се не се ажурирани тие податоци и сите тие правно релевантни околности врз основа на кои треба да се утврди точниот број на гласачите во нашата држава.“

Кај нас, во неколку изборни циклуси се оперира со бројката од 150 до 200 илјади непосточеки гласачи. Во меѓувреме, освен за избирачкиот список во тек е и дебата околу измените на изборниот законик кој Собранието треба да го усвои на гласање откако во јануари ОБСЕ и ОДИХР, како и партиите и експертите ќе го кажаат своето мислење и за овие решенија.