Без решение за името, тензии?

Оддолговлекувањето на решавањето на спорот за името ќе ги влоши меѓуетничките односи во земјата, предупредуваат експертите.
Без сомнение, оддолговлекувањето на решавањето на спорот за името ќе ги влоши меѓуетничките односи во земјава. Ваквото предупредување доаѓа од експертите, според кои прашањето за името не е подеднакво чувствително за Македонците и останатите ентитети во државава. Токму затоа, Албанците стануваат нервозни кога гледаат дека евроинтегративните процеси на земјава не се приоритет на оваа влада, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу:
Веќе се поставуваат определени барања што пак е прашање, дали другата страна во власта, македонските партии можат да ги испорачаат така како што се бараат од страна на албанскиот политички
партнер.


„Таа нервоза е веќе присутна и се рефлектира врз нивните ставови.“

Професорката Мирјана Малеска посочува дека во сложени мултиетнички општества како македонското постојат многу елементи кои не делат. Доколку евроинтегративниот пат на Македонија се оддолжи, ќе биде тешко да се задржи стабилноста во земјава, вели Малеска:

„Веќе се поставуваат определени барања што пак е прашање, дали другата страна во власта, македонските партии можат да ги испорачаат така како што се бараат од страна на албанскиот политички партнер.“

Несомнено, ваквиот процес ќе ја разниша и владината коалиција, особено односите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, изјавија Малеска и Муслиу.

„Секој момемнт да кажеме политичката партија ДУИ може да излезе од власта, доколку ова нерешавање на проблемот со името се одолговлечи.“
Секој момемнт да кажеме политичката партија ДУИ може да излезе од власта, доколку ова нерешавање на проблемот со името се одолговлечи.


„Во моментот кога ДУИ ќе процени дека штетите кои ги трпи поради тоа прашање се поголеми од придобивките коишто ги има со учеството во владата, сигурно ќе има влијание.“

За политичките партнери пак, прашањето за името не смее да се обои етнички и партиски. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети периодов обиколи неколку општини, а на непосредните средби со граѓаните, уверуваше дека спорот за името мора да се реши и за него треба да се има консензус меѓу сите политички партии. Во интевју за нашето радио, Ахмети посочи дека ДУИ постојано се залага и ги охрабрува сите релевантни фактори во земјата а дека прашањето за името е едно многу важно прашање кое директно е поврзано со интеграцијата на земјата во НАТО и Европската унија.

Протест на албански невладини организации во Скопје на 10 мај 2010

„Прашањето за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ и решавањето на спорот за името со Грција не се прашања што го засегаат само едниот ентитет, или само Албанците или само Македонците. Евроатланските процеси се значајни процеси и сите треба да ја сносат одговорноста. Македонија не може да се интегрира во НАТО поделена или пак само Албанците да бидат дел од НАТО и ЕУ. Токму заради ова ние не сакаме да бидеме фактор што ќе ги предизвикува граѓаните и ќе создава јазови меѓу двата најголеми ентитета, Македонците и Албанците во Македонија. Така што со голема одговорност се залагаме ова прашање да не го обоиме етнички и партиски, туку да се третира како значајно прашање што бара решение и сета наша политичка енергија и кадровска помош се насочени кон наоѓање на заедничко прифатливо решение меѓу двете страни“, изјави Ахмети.

За ВМРО-ДПМНЕ, пак, како никогаш досега меѓуетничките односи се на завидно ниво. Петар Поп-Арсов од оваа партија не очекува проблемот со името да се одрази на односите во владината коалиција.

„Можеби ќе има укажувања од една или од друга страна за да дојде до забразано решавање на проблемот, меѓутоа искрено сериозни потреси не очекувам.“

Решавањето на спорот под изговор дека се прави за да не се влошат меѓуетничките односи би оставило долгорочни последици, вели Муслиу. Албанците, вели тој се солидарни, но за нив е најважен економскиот приоритет, а не прашањето за името.