Азилот бегство од сиромаштијата

„Азиланти“ од Брисел се враќаат дома

Заминувањето во некоја од западноевропските земји, наместо надеж дека ќе донесе спас од сиромаштијата, за многу граѓани од Македонија донесе само разочараност.
Азилот на нашите граѓани во западноевропските земји е само сламка за која се фаќаат сиромашните и невработените, барајќи спас некаде далеку од родното огниште. Од таму пак се враќаат уште повеќе разочарани, но и со долгови кои ги направиле за патот во подобар живот. Надлежните институции постојано апелираат кумановци да не се залажуваат дека азилот им е единствената можност да најдат егзистенција.
Ние преку Одделението за превенција постојано сме присутни во основните и средните училишта и во советите за превенција и советодавните граѓански групи. И се јавивме до медиумите со совети до граѓаните да не одат во западноевроепските земји.

Љубомир Ѓурчевски, првиот полицаец во Куманово вели дека оваа институција се обидува да им објасни на граѓаните да не одат надвор од земјава и да не бидат жртви на лажните ветувања на некои криминални групи.

„Ние, преку Одделението за превенција, постојано сме присутни во основните и средните училишта и во советите за превенција и советодавните граѓански групи. И се јавивме до медиумите со совети до граѓаните да не одат во западноевроепските земји, да не создаваат проблеми, а сепак нема да добијат азил.“

Мислите ли дека ќе има ефект?

„Мислам дека ќе има ефект. И нашите граѓани сфатија дека се само жртви на криминалните групи на кои им плаќаат поголеми суми пари,така што и она малку што овде го имаат таму го губат“, вели Ѓурчевски.

А дека навистина се случува така потврдува и 42-годишниот Зулфиќар Сакиповски кој по краток престој во Германија се вратил во Куманово, каде што со неговото петчлено семејство ќе ја продолжи егзистенцијалната борба со 40 евра месечна социјална помош и самоснаоѓање.
Мислам дека ќе има ефект. И нашите граѓани сфатија дека се само жртви на криминалните групи на кои им плаќаат поголеми суми
пари.

„После три недели ми рекоа дека морам да ја напуштам Германија за една недела.“

Тој раскажува дека во кампот имало азиланти од цел свет, поради што, а и поради глобалната економска криза се сменил севкупниот однос кон потенцијалните азиланти. Зулфиќар со искуство од пред 16 години кога бил во Германија, прави споредба и вели:

„Не те фермаат како порано што беше. Два дена ме оставија сам да си платам хотел за спиење и за јадење и пиење.“

Куманово

Тој од германските власти добил наредба дека треба да плати првин 200 евра, а потоа месечно по 50 евра.

„Сега ќе си седиме тука и ќе биде како и порано. Социјална помош 40 евра за пет члена. На пазар нешто продавам и тоа е.“

Тој им ја раскажувал неговата приказна и на роднините и пријателите:

„Луѓето сакаат пак да одат. А таму ни кажаа, џабе ќе доаѓате, месец, два три... и пак назад.“

Виктор Цветковски, претседател на општинскиот Совет, смета дека државата треба да поведе сметка за нашите граѓани кои во се поголем број заминуваат:

„По година дена, Македонија се соочува со една незавидна состојба, 800 луѓе се во Шведска, над илјада се во Германија и во Белгија исто така. Се соочуваме со критики од ЕУ и можно е ако овој тренд продолжи сите ние, а пред се Владата, да се соочиме со враќање на визниот режим за нашите граѓани.“

Како Владата ќе реши?

„Социјалниот момент е негативен и мерките ќе мора под итно да се преземат“, вели Цветковски.