Достапни линкови

Македонија и Србија против лажните азиланти


Macedonia - Interior ministers of Serbia and Macedonia, Ivica Dacic and Gordana Jankuloska in Skopje - 12Mar2010
Macedonia - Interior ministers of Serbia and Macedonia, Ivica Dacic and Gordana Jankuloska in Skopje - 12Mar2010

Злоупотребата на визната либерализација, зголемените барања за азил во западноевропските земји, како и спречување на оваа појава, со цел да не се загрози европската иднина на регионот, беа темите за кои денеска во Скопје,разговараа министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Јанкулоска и Дачиќ.

Министерите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Гордана Јанкулоска и Ивица Дачиќ по средбата информираа дека разговарале за тоа како, превентивно, но и со примена на одредени мерки, да се спречи злоупотребата на визната либерализација.
Дачиќ рече дека на тој начин сакаат да спречат да им се нанесе штета на двете држави.
Многу е битно Европа да не се уплаши од Западниот Балкан. Изминативе години имаше многу причини за таков сомнеж кога станува збор за иднината на овој регион, рече српскиот министер за полиција.

„Денес мораме да направиме се, за Европа да не се уплаши од Западниот Балкан и поради прашањањата на илегална емиграција и лажните азиланти, зашто тоа може да ја загрози европската иднина на овој регион.“
Денес мораме да направиме се, за Европа да не се уплаши од Западниот Балкан и поради прашањањата на илегална емиграција и лажните азиланти, зашто тоа може да ја загрози европската иднина на овој регион.


Дачиќ информира дека, со министерката Јанкулоска, размениле информации за неколку туристички агенции кои носеле патници во Белгија.

„Некои од нив се од јужна Србија, односно Прешево, а поголемиот број е од Македонија. Мометнтно се врши контрола, дали во тие нивни активности имало намера и криминал - организирано да се доаѓа до лажен азил или во прашање е вршење на нивните туристички активности.“

Јанкуловска додаде дека во осум случаи се изречени одредени мерки кај туристички агенции од земјава кај кои се утврдени неправилности, а утврдено е дека две агенции од Македонија имале партнерски договори со агенцији од Србија. Останува да се направи подлабока проверка на нивната работа, рече Јанкуловска.

„За да се утврди дали, освен она што е нивна легална дејност, значи превоз на патници и продажба на туристички аранжмани, се нуделе некои дополнителни услуги, кои можеби ги довеле граѓаните во заблуда и ги ставиле во позиција на жртви на ваквата измама.“
Балканскиот пат на хероинот од Авганистан до западна Европа да не се претвори во балкански пат за илегални миграции во ЕУ.


Дачиќ информира дека се разговарало и за спречување на илегалните миграции од Авганистан и Пакистан во земјите од ЕУ.


„Балканскиот пат на хероинот од Авганистан до западна Европа да не се претвори во балкански пат за илегални миграции во ЕУ.“

Иако бројот на баратели на азил се намалува, Јанкулоска најави дека МВР ќе продолжи да работи на информирање на граѓаните дека не може да добијат азил.
Министрите Дачиќ и Јанкулоска изразија задоволство од соработката на двете полиции и најавија дека во многу скоро време ќе има и други состаноци на кои ќе се разговара за други прашања.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG