Составот на Комисијата нема да обезбеди независност од власта, велат кандидатите кои отпаднаа од изборот.
Составот на Комисијата за заштита од дискриминација нема да обезбеди независност од власта и затоа нема успешно да ја извршува својата задача, велат кандидатите кои отпаднаа од изборот. Опозицијата по изборот забележи зошто во комисијата не се Ѕвонко Шарески и Мирјана Најчевска и изрази сомнеж околу нејзината функција. Најчевска вели дека власта од самиот старт власта покажа дека нема намера да го применува законот за антидискриминација, а со ваквите членови на комисијата се загуби и последната надеж дека ќе бидат постигнати некакви промени на терен.
„Овој состав ваков каков што е, не обезбедува независност на Комисијата дефинитивно тоа не била ни намера на предлагачот, не обезбедува стручност и професионалност и во секој случај не обезбедува објективност во она што ќе претставува нудење на помош на барателите на заштита.“
Еден од членовите Душко Миновски вели дека сите 38 кандидати ги исполниле потребните услови, кои се барале при конкурсот и не знае зошто во изборот не се нашле Шаврески и Најчевска.
„Јас имам исклучително високо мислење за г-динот Шаврески како докажан борец итн, и непосредно и самиот лице со хендикеп и кој што направи многу во овој дел и за г-ѓа Најчевска исто така, дури и моето именување да речеме би требало да биде под знак на прашање. Критериумите ги исполнуваме сите 38 кандидати од кои што нели Комисијата при собранието одлучува да бидат овие кандидати.“
Според Најчевска, основата идеја на таквите тела е да бидат формирани од луѓе кои не се потчинуваат на власта. И меѓу сите кандидатити освен неа и Шаврески имало и други кои би биле попогодни за функцијата.
„Има многу добри луѓе кои дури и не се толку извикани како мене и Шаврески меѓутоа кои што дефинитивно имаа и професионални карактеристики меѓутоа и интегритет на личноста што ги прави погодни и соодветни за оваа комисија.“
Според Миновски тие ќе покриваат седум области кои ќе ги таргетираат целните групи по разни основи, кои се извор на дискриминација во земјата. Најпрвин ќе треба да донесат деловник и правилник за работа, а потоа ќе формираат оделение за техничка поддршка.
Овој состав ваков каков што е, не обезбедува независност на Комисијата дефинитивно тоа не била ни намера на предлагачот, не обезбедува стручност и професионалност и во секој случај не обезбедува објективност.