Антикорупциската комисија вели дека ги преведува, а потоа по службена должност ќе ги провери документите за случајот „Мијалков“ доставени од партијата на Бошкоски.
Антикорупциската комисија ја доби документацијата за сомневањата што ги објави Љубе Бошкоски. Документите, како што изјави портпаролот Наталија Ивчева, претставуваат докази во однос на нивните сомневања дека од државава се изнесуваат огромни суми пари во Чешка во организација на Мијалкови, премиерот и други државни институции, за тоа дека мајката на премиерот е сопственик на стан во кварт во Прага, како и за наводите кои преходно ги обелодени Бошкоски, дека директорот на УБК Мијалков е сопственик на уште една фирма со седиште во Чешка:
„Тоа се документи до кои што дојдовме ние и сметаме дека се оргинални затоа што проверивме комплетно, бидејќи ние имаме и комисии кои што работат на истиот случај. Антикорупционерите се тие кои треба да проверат и да испитаат, ако се сака да се работи може многу лесно да се види патот на парите, трансакциите.“
Во Комисијата изјавија дека наводите по службена должност ќе ги проверат, но објаснуваат дека се уште не ги провериле првично доставените документи за непријавена, а продадена компанија во Чешка од првиот човек на УБК Мијалков:
„Веќе се доставени, минатата среда. Беа на чешки јазик па се уште се преведуваат за да видиме што е што.“
Аруф Муса од Антикорупциската комисија додаде дека новата документација што им е доставена ја третираат како дел од предметот кој е отворен во Комисијата:
„Комплетно како еден предмет ќе се води и сите ќе се истражуваат, ќе се испитуваат и ќе се види конечната ситуација како стои со имотот на г-динот Мијалков", изјави Муса.
„Говорот на една институција на документи кои што првично ги доставивме дека сеуште се работи на преводот, можеме само да им препорачаме да вработат што повеќе преведувачи од чешки затоа што ова е само почеток на документацијата која што ја имаме", вели Ивчева.
Поранешниот претседател на Антикорупциската комисија Драган Малиновски изјави дека најнапред било кој документ кој ќе се достави прво треба да се утврди дали кореспондира со фактичката состојба во матичните евиденции каде се водат тие имоти:
„Дали се тие веродостојни или не, тоа е работа на Комисијата, меѓутоа доколку се утврди дека се веродостојни во тој случај најмалку што треба е Комисијата да поведе постапка за утврдување на состојбата со имотот на конкретното лице и таа постапка ја спроведува Управата за јавни приходи согласно дефинирани процедури.“
Претходно претседателот на комисијата Илми Селами повика во јавноста политички да не се поентира со обвинувања туку доказите за евентуален криминал да се достават до Комисијата на проверка. Во меѓувреме наводите на Бошкоски ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше како неточни, а во партијата на Бошкоски пак најавуваат дека во наредниот период ќе пристигнуваат и нови документи.
Тоа се документи до кои што дојдовме ние и сметаме дека се оргинални затоа што проверивме комплетно, бидејќи ние имаме и комисии кои што работат на истиот случај.
„Тоа се документи до кои што дојдовме ние и сметаме дека се оргинални затоа што проверивме комплетно, бидејќи ние имаме и комисии кои што работат на истиот случај. Антикорупционерите се тие кои треба да проверат и да испитаат, ако се сака да се работи може многу лесно да се види патот на парите, трансакциите.“
Во Комисијата изјавија дека наводите по службена должност ќе ги проверат, но објаснуваат дека се уште не ги провериле првично доставените документи за непријавена, а продадена компанија во Чешка од првиот човек на УБК Мијалков:
„Веќе се доставени, минатата среда. Беа на чешки јазик па се уште се преведуваат за да видиме што е што.“
Аруф Муса од Антикорупциската комисија додаде дека новата документација што им е доставена ја третираат како дел од предметот кој е отворен во Комисијата:
„Комплетно како еден предмет ќе се води и сите ќе се истражуваат, ќе се испитуваат и ќе се види конечната ситуација како стои со имотот на г-динот Мијалков", изјави Муса.
Комплетно како еден предмет ќе се води и сите ќе се истражуваат, ќе се испитуваат и ќе се види конечната ситуација како стои со имотот на г-динот Мијалков.