Достапни линкови

Мијалков нема непријавен имот


Директорот на УБК Сашо Мијалков
Директорот на УБК Сашо Мијалков

До вакво сознание дошла Антикорупциската комисија по истрагата на наводите во јавноста дека директорот на УБК Сашо Мијалков имал непријавен имот во Чешка.

Државната антикорупциска комисија уврдила дека нема никаков договор за купопродажба на имот од директорот на УБК Сашо Мијалков на други фирми. Засега ова е исходот од работата на Комисијата по наводите во јавноста дека тој има непријавен имот во Чешка. Претседателот на Комисијата Илми Селами побара доколку некој во државава има таков договор да го достави:

,,Акт на купопродажба, кога ќе купите или продавате нешто, е актот на
Во овој случај ние утврдивме дека нема никаков договор за купопродажба на имот од страна на г-динот Мијалков на други фирми. Доколку некој во државата има направено таков договор па дури и да се политички фирми, ние ќе го процесуираме
суверенизација на договорот, не актот на склучување на предоговор или договор. Од тој момент во рок од 30 дена доколку тоа не се пријави во Државната комисија за спречување на комисијата тогаш имаме проблем, значи нешто се крие. Во овој случај ние утврдивме дека нема никаков договор за купопродажба на имот од страна на г-динот Мијалков на други фирми. Доколку некој во државата има направено таков договор па дури и да се политички фирми, ние ќе го процесуираме."

Претходно во јавноста имаше информации дека Мијалков не пријавил продажба на чешка фирма која до декември мината година била 50 проценти во негова сопственост. Обединети за Македонија праша дали парите од продажбата се пристигнати на сметката на Мијалков, и ако не се, зошто не се вметнати во анкетниот лист. Некои медиуми објавија дека тој има и втора фирма во Чешка што не ја пријавил во имотниот лист. Секое сознание на државен орган дека од неговата надлежност не се испочитувани одредби на законот го обврзува државниот орган, а во конретниот случај комисијата да формира предмет и да преземе мерки да ги провери наводите, изјави Јован Трпеновски поранешен Јавен обвинител:

Прага
,,Комисијата прво треба да ги провери овие гласини кои што се, да речеме преку медиумите, или изнесувањата на сознанија од политичка партија. Значи, треба да формира предмет и да ги провери. Ако некој тврди дека имотот што го поседува, го нема пријавено, треба да има податоци."

Претседателот на Антикорупциската рече и дека сака да укаже оти од партиски говорници е многу лесно да се излезе и да се каже се и сешто, алудирајќи на придобивањето политички поени. Од друга страна што ја прави незадоволна јавноста, е тоа што за непријавен имот казните се мали и функционерите добиваат прекршочна пријава или незначителни парични казни.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG