Сенатот го усвои новиот СТАРТ

Русија, НАТО, Обединетите нации и Јапонија ја поздравија ратификацијата на новиот СТАРТ во Сенатот за намалување на стратегиското вооружување со Русија. Москва, документот ќе го проучи пред да го даде на усвојување во руската Дума што треба да се случи најверојатно утре.
Тринаесет сенатори од редовите на реубликанците гласаа заедно со 56 демократи и двајца независни сенатори за новиот договор кој во април го потпишаа претседателите на САД и Русија Барак Обама и Дмитриј Медведев. Договорот кој треба да го ратификува и Русија предвидува максимум од 1550 боеви глави за секоја земја, односно намалување од 30 проценти на нуклеарниот арсенал во однос на состојбата од 2002. Веднаш по ратификацијата во Сенатот, новиот СТАРТ беше поздравен од најпрвин американскиот претседател Барак Обама.

„Ова е најзначаен договор за контрола врз оружјето во последните речиси 20 години. Тоа ќе не направи побезбедни и ке го намали нашиот и рускиот нуклеарен арсенал. Со овој договор нашите инспектори се враќаат на теренот во руските бази. Ние ке бидеме во состојба да веруваме но и проверуваме.“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ратификација на новиот СТАРТ во Сенатот



Русија, Нато, Обединетите Нации и други земји, исто така, ја поздравија ратификацијата на новиот СТАРТ. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, сепак, рече дека Москва најпрвин ќе го проучи документот пред да го стави на гласање во руската Дума. Американскиот Претседател Барак Обама пак на прес конференцијата во Вашингтон порача:
Овој договор ќе го засили нашето лидерство во напорите за неширење на нуклеарното
оружје.

„Ние ќе продолжиме да ги развиваме нашите односи со Русија, кои се суштествени за прогрес на многу предизвици – од примена на силни санкции кон Иран, до превенција нуклеарно оружје да падне во рацете на терористи. Овој договор ќе го засили нашето лидерство во напорите за неширење на нуклеарното оружје и за мир во светот.“

26 сенатори од Републиканската партија гласаа против договорот. Тие, меѓу другото, сметаа дека со новиот СТАРТ се загрозуваат плановите за ракетен одбранбен штит на кој Русија гледа со скептицизам. Новиот СТАРТ пред Руската Дума ќе се најде најверојатно утре.