Администрацијата речиси сите партии на власт ја користат за вработувања на свои луѓе. Сега, се дојде до 130 илјади административци за кои од буџетот се трошат 66 насто од парите.
Голема гужва за работа во државната администрација. Сите влади тоа го користат за вдомување на партиските војници. Сега, велат се дојде до бројка од 130 илјади административци за кои од буџетот се јадат 66 насто од парите.
Како посебен проблем од пошироко општествено значење се покажува недоволната грижа за ефикасноста на јавниот сектор. За ова деновиве повторно се крена прашина и темата доби политички карактер по изјавата на Зоран Заев пред неговите сопартијци во која најави
Нашите проценки се дека има околу 30 илјади вработени, вкупно во државната и во јавната администрација по сите основи
,,Нашите проценки се дека има околу 30 илјади вработени, вкупно во државната и во јавната администрација по сите основи. Тие тоа го негираат со некаква бројка дека се пет до шест илјади, меѓутоа и толку да се, шест илјади партиски вработувања се огромен број."
Тоа е бројка од некаде 5,5 илјади луѓе, меѓу нив се и вработувањата на луѓе во времето кога премиер бил Бучковски, Шеќеринска, Црвенковски, Хари Костов
Опозицијата прифаќа дека секогаш имало проблеми, но никогаш во толкав обем како сега, изјави Андреј Петров.
Власта смета обратно, дека најсоодветно за односот на опозицијата најексплицитно ни објаснил нивниот потретседател Заев. Обвинувањата дека се вработени 30 илјади се без основа и тоа зборува за сериозноста на опозицијата. Во последната година владата објави дека ќе се извршат вработувања на сите луѓе кои времено биле ангажирани и ќе добијат решенија за непоределено време, вели Зоран Петревски од ВМРО ДПМНЕ:
,,Но, мислам дека толкаво е зголемувањето воопшто во последните 20 години, тоа е бројка од некаде 5,5 илјади луѓе, меѓу нив се и вработувањата на луѓе во времето кога премиер бил Бучковски, Шеќеринска, Црвенковски, Хари Костов."
Во сенка на меѓусебните обвинувања помина и усвојувањето на Законот за јавна администрација кој треба да се применува од април наредната година, а има измени и на законот за државни службеници. Со овие закони се претпоставува дека ќе се направи брана на партиските вработувања. Но, во моментов тие не се на сила и се е оставено на договори на дело, а ниеден закон не дозволува вработувања со договори на дело, вели Проф Борче Давитковски:
,,Ова не е измислено од оваа влада, да се разбереме ова 20 години се прави кај нас и сите влади тоа го користат за да вдомат партиски војници. Тоа е факт и на тоа треба да ставиме брана."
Тој напоменува дека ако законите не се применуваат тоа значи дека само формално правно ќе има решение Според вкупниот број на вработени во земјава ако има 130 илјади во јавната администрација половина се проценува дека се вишок. Околу 66 проценти од буџетот одат за плати на администарцијата.