Достапни линкови

Ефикасна администрација


Вицепремиерот Васко Наумовски и британскиот амбасадор Кристофер Ивон учествуваа на Конференцијата за инвестирање во човечкиот капитал
Вицепремиерот Васко Наумовски и британскиот амбасадор Кристофер Ивон учествуваа на Конференцијата за инвестирање во човечкиот капитал

Без ефикасна, професионална и независна државна администрација нема функционална демократија. Владата вели дека со таа цел ги спроведува реформите.

Професионална и независна државна служба е предуслов за здрава, стабилна и функционална демократија. Со ваква порака за подобрување на ефикасноста на јавната администрација и потребата од инвестирање во човечките ресурси се обрати британскиот амбасадор во земјата Кристофер Ивон. Осврнувајќи се на своите сопствени искуства како државен службеник, Ивон ја потенцираше
Посебно е важно да се зајакнат економските ресурси, интегритетот и однесувањето на вработените, да се овозможи поголема транспарентност и крајна цел е да се почитуваат европските стандарди, како предуслов за започнување на преговори со Европската Унија
важноста на инвестирањето во човечкиот капитал и примената на европските стандарди во работата на јавната администрација.

,,Мислам дека јавната администрација е нешто во кое повеќето што работат во неа влегле со вистински аспирации и цели. Посебно е важно да се зајакнат економските ресурси, интегритетот и однесувањето на вработените, да се овозможи поголема транспарентност и крајна цел е да се почитуваат европските стандарди, како предуслов за започнување на преговори со Европската Унија." изјави британскиот амбасадор Ивон.

Свесни сме дека реформата на државната администрација е долгорочен процес, изјави вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски. Свесни сме дека инвестирањето во човечкиот капитал е влог во сопствената инднина и развој на државата, рече Наумовски.

,,Ние како Влада и понатаму целосно ќе го користиме капацитетот на високо квалификуваните кадри во чија што надградба вложуваме, особено во овој мошне важен период кога Македонија се подготвува за отпочнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ."

Според владиниот предлог за проширување на министерството за информатичко општество, се укинува постоењето на Агенцијата за државни службеници, а реформите во државната администрација ќе ги спроведува токму тоа министерство, рече државниот секретар во агенцијата Методија Димовски:
Ние како Влада и понатаму целосно ќе го користиме капацитетот на високо квалификуваните кадри во чија што надградба вложуваме


,,Тоа ќе води кон остварување на мисијата на Агенцијата за државни службеници да се изгради една независна, професионална и ефикасна државна служба во Макеоднија која што ќе биде целосно деполитизирана, сервисно ориентирана и етична и која ќе работи во сообразност со принципите на европскиот административен процес."

На втората годишна конференција за инвестирање во човечкиот капитал, своите искуства ги пренесоа и претставници на некои европски земји. Тие ја потенцираа важноста на обуката и развојот на обуката на вработените, потребата да се прифаќаат општествените промени и нивно прилагодување.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG