Во годишното обраќање пред Собранието, претседателот Ѓорге Иванов побара од Грција да се однесува европски кон Македонија.
Најголема пречка за евроатланската интеграција на Македонија е проблемот кој го создаде Грција со нашето име, но не постои друга алтернатива ниту за земјава ниту за регионот, ова го изјави претседателот Ѓорѓе Иванов во неговот годишно обраќање во Собранието. Според Иванов, Македонија својата искреност и посветеност на процесот ја покажала многупати досега, но и покрај се земјата и натаму ќе се залага за продолжување на дијалогот со Грција за да се пронајде решение за спорот кое нема да задира во идентитетот, јазикот и уставот на земјата.
„Ние сме граѓани на европска земја и бараме од Грција како членка на ЕУ со нас да се однесува европски. Затоа уште еднаш порачувам дека не е прифатливо да се разговара за решение што задира во македонскиот идентитет, македонскиот јазик и во Уставот на РМ како чувар на нашета државна сувереност и национално достоинство.“
Иванов изрази разочараност од спроведувањето на законот за лустрација.
„Процесот на прочистување мора да се одвива во институции. Тоа претставува тест за нас и очекувам тој тест успешно да го поминеме затоа што секој што обавува јавна функција подлежи и на јавна одговорност и контрола.“
Иванов се осврна и на можностите за злоупотреба на невладиниот сектор.
„Довербата која била градена со години може да се загуби за еден миг, затоа за организации чиј најважен можеби единствен ресурс е токму довербата која што ја имаат кај граѓаните ова е особено тешка закана.“
Според претседателот таквиот проблем е се поизразен кај медиумите, поради економските предизвици со кои се соочуваат.
„Секогаш ќе стојам во одбрана на слободата на изразувањето, исто како што секогаш ќе стојам зад функционирањето на правната држава и институциите. Јас секогаш ќе ја поддржувам отворената и здрава дебата.“
Говорот на Претседателот за пратениците од власта беше одличен, а за оние од опозицијата е оценет како безличен, безидеен. Наместо да биде претседател на сите, одбра да му служи на Груевски изјави, Андреј Петров од СДСМ.
„Претседателот, освен уште една фраза која ја исфрли на овој говор, не кажа ништо за клучните приоритети во државата, не кажа ништо за главната дебата во земјата, а тоа е предвремените избори и желбата на народот кој сака оваа власт да си замине.“
Ова беш обесхрабрувачки говор на Иванов, оцени Тито Петковски од НСДП.
„Практично отворено кажа дека ја задржува статус кво политиката на Македонија особено надворешната политика. Ниту со еден збор не внесе надеж, охрабрување.“
Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека ставовите во говорот на Претседателот ја одразуваат реалноста во Македонија и стремежите на општеството.
„Како претседател и во својот мандат и во својот говор ги претставува и застапува националните интереси на Македонија.“
Иванов изјави дека силата на Македонија е во најдобриот извозен политички продукт а тоа е моделот на мултиетничкиот соживот, кој подразбира интеграција без асимилација и почитување на постоечките различности.
Ние сме граѓани на европска земја и бараме од Грција како членка на ЕУ со нас да се однесува европски. Затоа уште еднаш порачувам дека не е прифатливо да се разговара за решение што задира во македонскиот идентитет, македонскиот јазик и во Уставот на РМ како чувар на нашета државна сувереност и национално
достоинство.
„Ние сме граѓани на европска земја и бараме од Грција како членка на ЕУ со нас да се однесува европски. Затоа уште еднаш порачувам дека не е прифатливо да се разговара за решение што задира во македонскиот идентитет, македонскиот јазик и во Уставот на РМ како чувар на нашета државна сувереност и национално достоинство.“
Иванов изрази разочараност од спроведувањето на законот за лустрација.
„Процесот на прочистување мора да се одвива во институции. Тоа претставува тест за нас и очекувам тој тест успешно да го поминеме затоа што секој што обавува јавна функција подлежи и на јавна одговорност и контрола.“
Иванов се осврна и на можностите за злоупотреба на невладиниот сектор.
Секогаш ќе стојам во одбрана на слободата на изразувањето, исто како што секогаш ќе стојам зад функционирањето на правната држава и институциите. Јас секогаш ќе ја поддржувам отворената и здрава дебата