Собранието за „предвремени избори“

Јасно е дека Собранието на Македонија нема да се самораспушти. Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја отфрлија иницјативата на СДСМ за предвремени избори, поради државни интереси, меѓу кои и евро-атланските интеграции. ДУИ, од друга страна, не гледа напредок кај ВМРО-ДПМНЕ во решавањето на проблемот со Грција, а за опозицијата велат дека само критикува без конкретни предлози.
Собранието расправа за иницијативата на СДСМ за распуштање на парламентот. ВМРО-ДПМНЕ минатата недела кажа дека одбива предвремени избори затоа што нема објективни причини за тоа. Во Демократската унија за интеграции сега најважното прашање не се предвремени избори и ја истакнуваат неопходноста да се деблокираат евроинтегративните процеси преку решение за името. Теута Арифи од ДУИ изјави дека има впечаток дека
На македонската политика треба да и се даде уште една шанса да се обедини околу решавањето на овој многу тежок проблем, ова е период кога до крајот на мандатот постоечката гарнитура треба да се обиде да ги обедини и другите политички опции околу решавање на
проблемот.
проблемот е поврзан со начинот како политичките партии од македонскиот блок се однесуваат кон ова прашање вклучително и нивниот коалициски партнер:

„Не гледаме поголемо унапредување по однос на ова прашање кај македонските партии кои се дел од власта, додека кај македонските партии кои се дел од опозицијата гледаме само критицизам без фактички и вистински предлог како да се излезе од ситуацијата, и тоа нас не става во позиција да даваме предлози кои што се вакви какви што ги даваме.“

Но, меѓутоа за опозицијата е се повидлив впечатокот дека актуелната влада има ставено крај на тоа дека нема капацитет да го решава спорот за името во рамките на својот мандат. Владо Бучковски од СДСМ, своите критики ги упатува на потезите во надврешната политика со кои според него се девалвира се што било направено:

„Не гледам таква политичка волја и се сомневам дека тоа што се прави во
Собранието расправа по иницијативата на СДСМ за предвремени избори
првите 15 дена од добивањето на мандатот може да се направи во последните 15 месеци.“

Но, експертите сметат дека и однесувањето од грчка страна е таков каков што е подолго време и дека не може да се очекува нешто поинакво доколку нема нов квалитет во преговорите на кои што би се отворил пат да се променат позициите и на грчка и на македонска страна:
Мислам дека треба да се седне и да се поразговара, сепак е ова стратегиска цел на Република Македонија и да се изнајде еден заеднички став на сите релевантини политички структури.


„На македонската политика треба да и се даде уште една шанса да се обедини околу решавањето на овој многу тежок проблем, ова е период кога до крајот на мандатот постоечката гарнитура треба да се обиде да ги обедини и другите политички опции околу решавање на проблемот“, изјави професорот Денко Малески.

Според него, јасно е дека овој спор не треба да се користи во взаемните политички битки туку да се тргне кон градење меѓу партиски консензус:

„Мислам дека треба да се седне и да се поразговара, сепак е ова стратегиска цел на Република Македонија и да се изнајде еден заеднички став на сите релевантини политички структури во Македонија и на власта и на опозицијата што во овој момент го немаме.“

Благоја Марковски од Балканскиот Форум за безбедност смета дека има неопходност од разговор за стратегиската цел каква што е влезот на Македонија во НАТО и добивање датум за преговори со ЕУ.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Хајд парк за работата на политичарите