Ќе поевтинат ли кредитите?

Луѓе пред банкомат

Од бизнис заедницата не очекуваат значајно намалување на каматите откако Народната банка ја намали референтнтата каматна стапка за половина процент, од 4.5 на 4 отсто. Се поставува и прашањето дали секој пат кога НБРМ ќе одлучи да ги намали референтните каматни стапки, комерцијалните банки мора соодветно да реагираат со поефтинување на кредитите?
Извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов вели
Може да очекуваме некое мало поместување, меѓутоа не сме многу оптимисти дека деловните банки ќе го следат овој сигнал
дека од ова намалување не може да се очекува значајна промена кај комерцијалните кредити

,,Може да очекуваме некое мало поместување, меѓутоа не сме многу оптимисти дека деловните банки ќе го следат овој сигнал."

Од лани до денес, референтните стапки се значајно се намалија, вели Алексов и додава:

,,Првото намалување беше минатата година на 30-ти ноември кога беше 9,5% референтната стапка, а сега за една година е симната на 4 отсто. Според наше мислење деловните банки, односно комерцијалните банки реагираат адекватно и не ги следат овие сигнали на НБРМ."
Според наше мислење деловните банки, односно комерцијалните банки реагираат адекватно и не ги следат овие сигнали на НБРМ

Но дали секогаш кога НБРМ ќе ја промени референтната стапка банките мора да реагираат? Што е со другите фактори, како на пример проценетиот ризик на пазарот? Имено, дали банките ќе ги намалат каматите доколку проценат дека, меѓу другото, нивните пари не се безбедни кај граѓаните или во фирмите, и покрај тоа што Народната банка ја скратила референтната каматна стапка? Менувањето на референтната камата би требало да се рефлектира со промени во каматите на кредитите – тоа би требало така да функционира, вели Др. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економија:

,,Доколку нешто друго не се смени и не се случи, пред се кога станува збор за ризикот на вложувања и слично."

Што се случува во Македонија? Глигоров одговара:

,,Сепак треба да се има предвид и тоа дека во земји како Македонија, кои имаат фиксен курс, Централната банка има доста ограничени можности да со каматната стапка делува на пазарот на парите."

Инаку, наредната година НБРМ не очекува поголеми притисоци врз рамнотежата на девизниот пазар преку домашната побарувачка.