Продажбата на скијачкиот центар Кожуф создаде претпоставки за посериозен пристап кон зимскиот туризам.
Се оценува дека ова е прв чекор по подолго време со кој се покажува дека од овој природен бисер се сака да се направи сериозен туристички производ. Засега е видливо дека кај останатите планински центри кај нас, туристичките активности не го задоволуваат потребниот степен на уреденост и дека е потребно да се дефинира местото и улогата на државата и туристичките работници. Крајната цел треба да биде туризмот да стане вистинска потпора на стопанскиот развој и на подрачјето на Маврово и Попова Шапка, коментираат нашите соговорници. Сепак постојат различни видувања дали и до кој степен треба и е дозволено да се интервенира. Има посетители кои планините ги посакуваат на ваков начин какви што ги имаме. Заштитен знак на Битола е Пелистер со богатите шуми и богата и природни езера, а поголемиот дел е прогласен за национален парк. Градоначалникот Владимир Талевски оценува дека има претпоставки за посериозен пристап кон туризмиот на ова подрачје, но дека Пелистер е национален парк и има заштитени зони и е неможе инфраструктурно да се интервенира каде што се сака.
„Таму има заштитени видови и токму тоа е предноста на Пелистер, меѓутоа има еден северен дел на Пелистер каде што постои можност доколку се најде потенцијално заинтересиран инвеститор тука да постави дел од инфраструктура која што не би штетела на околината.“
Поинаку размислуваат туристичките работници. Често се објавуваат дека само Македонија не заработува од планинсискиот туризам за анализа од земјите во регионот додека земјите како Австрија остваруваат огромни профити. Економистите сметаат дека инвестирањето во елитниот туризам како што е зимскиот туризам и ски центрите пртпоставува прво развиена инфраструктура од сите видови сообраќај, пред се авионскиот, железничкиот и патишта кој ќе го овозможи тој тип на понуда, вели професор Христо Карталов:
„Со овој вид на туризам и овие неколку скицентри што ги имаме како што е Шапка, Маврово, не може да се постигне, немаме добра инфраструктура, а многумина кои што би сакале да го практикуваат тој спорт не се во состојба да платат.“
Станува збор за туризам кој претпоставува виско ниво на животен стандард. Обидот на Кожув да се развие тој дел од државата како атрактивен зимски ценатар исто така пртпоставува развиена инфструктира. Единствен проблем зесега е патот до ски центарот. Како значајно се смета дека тој е ориентиран кон Солун што ќе може да го напрви достапен и за други дестинации.
Нехар Селим туристички работник вели дека инфраструктурата е мала пречка која за сериозни инвеститори не е голем проблем. Тој смета дека доколку и Маврово има можност да добие дополнителни финансии ќе заживее многу добро:
„Маврово има проект од пред 20-тина години за спуст стаза за светски куп, но кој би дал инвестиции за таа стаза да се направи, да се постави инфраструктура таму.“
Сега туристичките работници се надеваат дека и другите плански центри ке станат незаобиколна дестинација за туристите кои ќе доаѓаат на Кожуф. Инвеститорите изјавија дека во центарот виделе огромен туристички потенцијал со природни убавини, близината на Егејското Море и климата.
Со овој вид на туризам и овие неколку скицентри што ги имаме како што е Шапка, Маврово, неможе да се постигне, немаме добра инфраструктура, а многумина кои што би сакале да го практикуваат тој спорт не се во состојба да платат.