Достапни линкови

Македонски олимпијци во американските тренинг центри


МОК потпиша договор со Олимпискиот комитет на САД, според кој, македонските спортисти ќе може да се подготвуваат со американските за олимписките натпреварувања

Како наближува почетокот на Зимските олимписки игри, кои во февруари наредната година ќе се одржат во Ванкувер, така се зголемуваат и активностите на Македонскиот олимписки комитет, за одржување и напредок на формата на спортистите, но и кога станува збор за семинари од кои корист имаат и спортските федерации. За таа цел, последниве неколку месеци беше договорена соработка со хрватскиот олимписки комитет од каде што беше ангажиран експерт за спортски маркетинг, а добиена е и донација од сто
Македонските спортисти, заедно со нивните тренери да престојуваат во олимпискиот тренинг центар во Колоради Спрингс, но и во другите два олимписки тренинг центра, и да ги користат благодетите кои ги имаат американските спортисти
илјади евра во опрема од германската амбасада, која вети ваква помош до 2012 година. Сепак, она што е највредно во моментов е минатомесечниот договор кој генералниот секретар Сашо Поповски го потпиша со Американскиот олимписки комитет, а според кој:

,,Македонските спортисти, заедно со нивните тренери да престојуваат во олимпискиот тренинг центар во Колоради Спрингс, но и во другите два олимписки тренинг центра, и да ги користат благодетите кои ги имаат американските спортисти."

изјави Поповски. Овој договор веќе профункционира и благодарение на него кајакарот Атанас Николовски стана првиот македонски тренер со лиценца од Американскиот, но и од меѓународниот олимписки комитет, а селекторот на нашата џудо репрезентација, Славе Пашоски заработи црн појас трети дан. Наскоро и други наши спортисти ќе се усовршуваат во Америка, од каде дојде понуда и за кандидатите за настап на претстојната Олимпијада. Сепак, скијачите преку барата ќе заминат идното лето.

,,Ние добивме отворен повик од американската скијачка репрезентација. Меѓутоа, нашите скијачи веќе ја имаат својата зацртана програма. Од спортски аспект, нереално е на два и пол месеци пред олимпијадата да се прават и тешко е да се направат промени во квалитетот,"

додаде Поповски. Тој најавува нови активности на олимпискиот комитет за помош на спортските федерации, од кои најголем дел работат волонтерски. Сепак, за работите да тргнат во посакуван правец, неопходен е и нивен многу поголем ангажман.

,,Сега за сега, функционира, но тоа не може да биде трајно решение. Секоја федерација мора сама да го води спортот, на страна државата, МОК, ние сме тука да помогнеме, но работата мора да ја води самата федерација,"

истакна на крајот генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски.
XS
SM
MD
LG