Менталитетот и слабата подршка за нови бизниси го кочат развојот на претприемачкиот дух во Македонија, вели првиот човек на „ПСМ – Јес“ фондацијата Љупчо Деспотовски.
Г-дине Деспотовски можете ли да ни објасните што е Недела на претприемништвото. Што подразбира овој настан?
Значи станува збор пред се глобален настан, значи за глобални претприемништва. Целата работа започна некаде пред десетина години во САД, идејата е да се слави претприемништвото, односно претприемнишката култура пред се кај младите луѓе. Настанот започна во САД, потоа во Британија и 2007 година се лансираше оваа Недела на претприемништво како глобален настан.
Што се подразбира под претприемаштво?
Претприемачи се луѓе кои преземаат иницијатива, кои се обидуваат да решат проблеми онаму каде што луѓето гледаат проблем, тие гледаат решение. Факт е дека во Макеодонија недостига претприемачка култура особено кај младите луѓе, направивме неколку истражувања и ситуацијата во Македонија е навистина разочарувачка. На младите им е полесно да размислуваат за сигурна државна работа отколку за започнување сопствен бизнис. Можеби една од причините е дека сеуште се смета некаков процес на транзиција, воспитувањето од дома, значи еве ние организираме некакви натпревари на бизнис план на кој што млади луѓе на возраст од 23-24 година одбиваат да подигнат финансиска награда од 500-1000 евра, бидејќи дома родителите им рекле дека тоа не е баш сигурно, така што тие не се подготвени да се обидат дури и по цена да пропаднат. Во случајот значи не се работи за нивни пари, ние како невладина организација даваме награда за да започнат бизнис, меѓутоа имаме неколку случаи кога ги одбиваат наградите. Значи треба сите да работат на тој план, дома родителите можеби треба помалку да ги ,,гушат" своите деца, државата, министерството за економија, како и невладиниот, односно граѓанскиот сектор.
Евидентно е дека нема поддршка за ново оформените бизниси. Дали тоа може да влијае на стопирање на развојот на претприемачкиот дух?
Треба цела инфраструктура да се создаде која ќе го помогне развојот на таа фирма, односно на таа компанија. Еден од клучните проблеми со кои се соочува секоја нова компанија се финансиите. Неможеш на 23-24 години да имаш некакви заштеди, грантовите се лимитирани, нема многу организации што можеби ќе ти доделат грант за да започнеш бизнис, дури и да ти доделат грант од наше искуство тие не се секогаш доволни. Значи, неопходна е организирана поддршка, сите што можат да помогнат се апсолутно добредојдени.