Сиромаштија

Секое трето лице во Македонија е сиромашно. Критики за зголемувањето на сиромаштијата и во извештајот на Европската Комисија.
Малку напредок е постигнат во социјалната инклузија, а стапката на сиромаштија е зголемена, се наведува во извештајот на Европската комисија. Официјалните податоци ги потврдуваат наодите на Комисијата. Во Македонија секое трето лице или 31 процент од населението е сиромашно. Извештајот понатаму констатира дека малку напредок е постигнат во обезбедувањето еднакви можности, со појаснување дека во целост не се имплементираат сите одредби на соодветната законска регулатива. Од тука и прашањето: каква е спрегата меѓу сиромаштијата и селективните вработувања кои, според упатените, се своевидена форма на корупција?
Вие ако не сте член на партија на власт и ако не корумпирате некого нема шанси да се вработите во државна администрација. Тоа ги уништува другите елементи како способноста, ефикасноста и создавате еден затворен круг

Професорот Илија Ацески вели дека постои спрега меѓу корупцијата и сиромаштијата, посебно во поглед на државните вработувања:

,,Вие ако не сте член на партија на власт и ако не корумпирате некого нема шанси да се вработите во државна администрација. Тоа ги уништува другите елементи како способноста, ефикасноста и создавате еден затворен круг."

Во земјава се уште се нема претстава што е тоа сиромашен човек, вели Ацески, додавајки дека два фактори го одржуваат социјалниот мир во земјава:

,,Тоа е високиот процент на сива економија и големиот износ на пари кои што го даваат оние што живеат во дијаспората."

Од власта не се достапни за коментар на забелешките во извештајот. Недолго пред објавувањето на овој документ, од Министерството за труд и социјална политика започнаа кампања против овој општествен феномен. Идејата, како што беше кажано на промоцијата, е да се подигне јавната свест, да се испрати порака дека сиромаштијата не е индивидуален проблем. Но колку кампањата може да придонесе кон справување со реалниот проблем, имено што ќе му е реклама на човек кој нема за леб? Комуникологот Сеад Џигал вели дека во
Тоа е високиот процент на сива економија и големиот износ на пари кои што го даваат оние што живеат во дијаспората
Македонија има инфлација на политички маркетинг:

,,Кој што на некој начин во јавноста се перцепира дека може да ги пополни сите дупки во општеството што не е случај, секако. Значи политичкиот маркетинг, кампањата, другите форми на рекламирањето се алатки кои што функционираат во одредени фази."

Подигањето на свеста не може да ги замени потребните постапки за решавање на проблемот, вели Џигал:

,,Неможе да замени постапки или процеси кои нам ни се потребни. Справувањето со сиромаштијата не е во спрега со нашата свесност, дека ние сме длабоко свесни за сиромаштијата во земјава."

А дали се чувствува сиромаштијата во земјава? Еве ги одговорите на неколкумина граѓани:

,,Колку сакаш има сиромаштија. Незнам кој се повеќе богатите или сиромашните."

Што велат граѓаните во „Хајд Парк“:

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Хајд Парк - Вистинска или лажна сиромаштија?