Диви такси превозници во Битола

Битола никако да се реши од дивите такси возила, иако се зголемуваат казните за нелегално обавување на оваа превозничка дејност.
Градските тури со овие такси превозници се поевтини, па им ги земаат странките на легалните компании и на градските автобуси. Во едно возило се збираат по четворица патници и плаќаат по 15 денари и кога релацијата е подолга.

„Почесто се возам со диви такси, тоа се стари возила, дотраени, но кога немам пари морам со нив да одам.“
Што да правиме ние?! Отепани сме од сиромаштија, семејства имаме за гледање, струја, вода треба да платиме. Ако не вртиме кај ќе ни биди
крајот?!

„Тоа се дотраени такси и не се возам со нив, јас се качувам само во фаворити, односно во легално такси“, велат битолчани.

Во градот има 15 легални такси компании со вкупно 400 возила. Компаниите имаат давачки со регистрации на
Битола
фирми, вадење лиценца која чини 3 000 денари, 6 500 денари за сертификат за професионална компетентност, трошоци за фискален апарат, вработени, даноци и друго. Дивите такстисти не плаќаат ништо од ова. Тоа се претежно стечајци или битолчани без работа.

„Што да правиме ние?! Отепани сме од сиромаштија, семејства имаме за гледање, струја, вода треба да платиме. Ако не вртиме кај ќе ни биди крајот?!“,
Некои увидоа по едно-две казнувања дека мора да вршат регуларен превоз и се пријавуваат како возачи во компаниите, но има други кои се тврдокорни и понатаму
возат.

вели еден од дивите такси превозници.

Инспекторот за патен сообраќај Владе Прчков вели дека во Битола порано имало повеќе диви такси, а сега останале уште 40-тина.

„Некои увидоа по едно-две казнувања дека мора да вршат регуларен превоз и се пријавуваат како возачи во компаниите, но има други кои се тврдокорни и понатаму возат, дури секојдневно се низ градот. И при изрекување на санкции, тие и понатаму го управуваат тоа возило. И досега имаме околу 30-тина мандатни казни од 200 евра на лице место, за жал никој нема платено“, вели Прчков.

Тој предупредува дека техничката исправност кај дивите такси возила не е на завидно ниво.

„Од „тико“ кое не е пропишано возило за регуларен такси превоз, има возила со 20, па и 30 години старост, некои се и нерегистрирани, со неисправни кочници, неисправна рачна сопирачка, неисправни уреди за сигнализирање, трепкачи, светла...“, вели Прчков.