Достапни линкови

Ни богати, ни сиромашни, но со неизвесна иднина


Од Балкан до Авганистан, луѓето од средната класа имаат потешкотии да го артикулираат својот глас во решавањето за тоа како се управува во нивната земја. Зошто средната класа во регионот е слаба и што е потребно за да зајакне? Што се однесува до Македонија, тоа се луѓе кои можат да си го дозволат само она што им треба

Во Западните земји, средната класа е рбетот на демократските и просперитетни општества. Во Соединетите држави например, во средната класа спаѓаат 60 насто од населението. Нејзините членови се професионалци од секаков вид, од учители и полицајци до бизнис менаџери. Тие плаќаат милијарди долари за даноци, гласаат во голем број, односно играат решавачка улога во решавањето кој и како ќе раководи со земјата.

Но, во голем дел на Евроазија, од Балканот, преку Русија до Авганистан, позицијата на средната класа е многу нејасна. Таму средната класа или она што би можело тоа да стане, е премногу кршлива. Една од причините е таа што во многу земји новата средна класа се уште излегува од хаосот до кој дојде по колапсот на претходниот стабилен поредок, наведува Чарлс Рекнајгел во анализата за средната класа во регионот:

Во поранешниот Советски Сојуз врз пепелта на комунизмот се појави малечка, но многу препознатлива нова трговска класа со примања на ниво што можеше да се споредува со средната класа на Западот. Но, нејзините социјални вредности и нејзиното гледање на владата беа посебни. Борис Дубин, социолог во рускиот анкетен центар Левада вака ја опишува ситуацијата во неговата земја:

,,Тие вообичаено не ги делат вредностите на демократијата и либерализмот. Тие го поддржуваат социјалниот, политичкиот и економскиот поредок што беше формиран во изминатата декада во Русија. Тоа е авторитарен поредок во кој властите не се одвоени од сопственоста и каде што врвните лидери се исто така и врвни сопственици.,,

Дубин додава дека оваа класа сочинува од 4 до 5 проценти од наслението и претставува најголем поддржувач на власта. Според него, по правило станува збор за млади луѓе кои живеат во големите градови.
,,За мене средна класа значи добра висока плата, имот, автомобил, некаков таков вид минимум...

Вредностите на оваа комерцијално успешна класа се во спротивност од она што за повеќето посматарчи требаше да стане новата руска средна класа, односно советската инелигенција. Оваа група интелектуалци, уметници и невладини професионалци имаа независно и понекогаш сосема поинакви ставови од комунистичките апаратчици кои беа монополизирани од политичката моќ.
Но, таквата интелегинција беше премногу слаба на економски план за да се напреварува во постсоветска Русија. Уште повеќе, интелектуалците беа привлечени од бизнисмените кои се појавија користејќи ги нивните контакти со владата.

Војните ја уништија средната класа

Во други земји пак, денес не постои силна средна класа од други причини. Во Иран пред Исламската револуција во 1979 година околу три милиони луѓе, повеќето од нив интелектуалци, избегаа од земјата за да почнат нов живот во Европа, Америка.

На Балканот, како и во Авганистан и во Ирак, војните натера милиони луѓе да ги напуштат нивните домови. Според некои наводи, 40 насто од ирачката средна класа сега живее во странство. Како резултат на овие драматични движења, оваа моќна машина за демократијата и развојот стагнира во регионот. Западот кој во промоцијата на граѓанското општество обично се потпира врз средната класа сега открива дека му недостигаат регионални партнери.

Последиците се повеќе од видливи. Автократите остануваат на власт непредизвикани од никакви граѓански опозициони групи и партии. Згора на се, се проширува јазот меѓу безобразно богатата владејачка елита и сиромашното мнозинско население. Но, и покрај тоа, а можеби и затоа, сонот за средна класа и натаму е присутен меѓу обичните луѓе, без оглед дали станува збор за таксисти или мали бизнисмени.

Американскиот Пју центар за истражување во минатата година најде дека луѓето во земјите во развој кои себе си се идентификуваат како средна класа, ја поддржуваат демократијата. Во Украина например 65 проценти од средната класа кои одговорија на анкетата сметаат дека е многу важно да постојат барем две партии и чесни избори. Спротивно од нив, посиромашните луѓе во Украина немаат поволно мислење за демократијата. Во Русија пак, бројот на испитаните од средната класа кои сметаат дека изборите се важни е помал, околу 50 насто.

Во истражувањето на Пју Центарот спроведено во 13 држави, средната класа се дефинира како луѓе чија заработувачка е поголема од 4 илјади двесте и осумдесет долари. Тоа е всушност и стандардот на Светската банка во 2007 година. Но, во многу општества луѓето заработуваат многу помалку од оваа сума.
Ми требаат пари за живеење и да го дополнам домашниот буџет. Затоа патувам за Москва на сезонска работа. Парите што ги добивам таму се многу повеќе од оние шо ги добивам во Таџикистан...


Во Русија се употребува квалитативна дефиниција. Ти спаѓаш во средната класа кога имаш доволно за секојдневните потреби плус ти останува уште нешто како заштеда.

,,За мене средна класа значи добра висока плата, имот, автомобил, некаков таков вид минимум.,,

Вели Денис Молотков, претприемач во западносибирскиот град Томск. Постојат и други дефиниции. Многумина велат дека се средна класа ако не извршуваат физички работи и покрај тоа што заработуваат помалку од градежните работници. Учителите например.

Во Таџикистан, професорите се меѓу најсиромашните, па на летните распусти најчесто работат на градилиштата во соседна Русија. Со почетокот на учебната година се враќаат на работата која им го дава чувтсвото дека и припаѓаат на средната класа.

,,Како да се објасни тоа. Ми требаат пари за живеење и да го дополнам домашниот буџет. Затоа патувам за Москва на сезонска работа. Парите што ги добивам таму се многу повеќе од оние шо ги добивам во Таџикистан. Со нив ги покривам сите трошоци и долгови.,,

Вели учителот Халим Шукруљев.

Средната класа во Македонија

Живот на кредит. Автомобил постар од 10 години. Млад брачен пар за да си купи стан мора да штеди 20тина години па затоа живее со своите родители. На одмор на море одат со храна и основни продукти од дома за да не се трошат пари за тоа во странство. Вака ја опишуваат експертите средната класа во Македонија.

Социолозите и економистите ги дефинираат припадниците на средната социјална класа како луѓе кои никогаш немаат премногу но секогаш можат да си го дозволат она што им треба , па и малку повеќе од тоа . Граѓаните , пак , припадници на средната класа се жалат дека со месечната плата плаќаат само сметки и задоволуваат егзистенцијални потреби , ни мал луксуз не можат да си дозволат.

Социолозите велат дека од 90тите години па наваму бројот на припадници на средната класа се намалува, од 60 проценти на 20тина.
Економистот Ванчо Узунов вели дека јазот меѓу сиромашните и богатите се продлабочува затоа што богатите се повеќе се збогатуваат , а сиромашната и средната класа стои во место, тие се на тоа ниво веќе 20 години и не ја подобруваат состојбата.

Социологот Илија Ацески вели дека најголем проблем со кој се соочува средната класа е несигурноста на работното место . Стравот од нарушување на квалитетниот живот не им дозволува на луѓето да ризикуват за да напреднат во кариерата , па затоа и не се поместуваат од местото во кое се наоѓаат, вели Ацески.


Влијанието на средната класа во евроазискиот регион

На професионалците и на малите бизнисмени низ регионот на Евроазија ќе им треба уште многу за да постигнат согласност за некои заеднички цели. Има многу причини и за тоа. Една од нив е апатијата и цинизмот што дојдоа по долгото искуство од несигурните услови.

Во земјите од порашениот Советски сојуз, економските потреби натераа многу луѓе да ги предадат нивните високи општествени идеали во борбата за секојдневното преживување. Примерот со докторите и учителите во Молдавија кои велат дека се принудени да примаат подароци и мито само ја потврдува оваа констатација:
Во екстремни случаи, во механизмите на притисок се покренување кривични постапки и затвор. Секако тука се и огромните даноци кои го спречуваат развојот на малите бизниси...


,,Ниските плати секако предизвикуваат многу проблеми. Корупцијата и митото во здравството се само половично вистинити. Некогаш тоа е само подарок во знак на благодарност за напорите на докторите. За жал има и многу случаи кога пациентот е принуден да даде мито. А тоа е голем проблем.,,

Вели Валериу Урсу, доктор кој ја напушти медицината за да почне сопствен бизнис.

А токму корупцијата ги поткопува напорите за мобилизирање на средната класа како сила за политичка и граѓанска акција. За тоа секако се потребни финансиски средства. Но, кога корупцијата е навлезена во сите пори на општетството, тогаш е тешко да се најде некој кој ќе даде пари за некаква граѓанска активност, а без притоа да не се сомнева дека би станал цел на корупција.

Во повеќето постсоветски републики организаторите на средната класа се под притисок на владејачките елити. Во екстремни случаи, во механизмите на притисок се покренување кривични постапки и затвор. Секако тука се и огромните даноци кои го спречуваат развојот на малите бизниси. Единствено бегство од тоа е напуштање на земјата или обидите да се влезе во кругот на режимот.


Во Ерменија например, сопствениците на мали продавници несакаат да го развиваат бизнисот за да го одбегнат вниманието на властите. Затоа секоја посериозна активност во земјата останува во рацете на владата и на нејзините приврзаници. Ваквата статус кво ситуација е критикувана од Меѓународниот монетарен фонд:

,,Долг е процесот од централно планирано комунистичко општество до пазарна економија. Многу е постигнато, постојат извесни пазарни механизми, но треба уште многу да се стори. Во повеќе сектори и натаму доминираат една или две поголеми компании кои имаат монопол.,,

Наведува Ниенке Омес, претставник на Меѓународниот монетарен фонд во Ерменија.

Пари за преживување

Во земјите богати со енергетски извори како Азербејџан и Казахстан, владејачките елити љуборно во државни раце ги чуваат нафтените компании, што дава дополнителни механизми за спречување на развојот на средната класа. Во Азербејџан средствата од нафтата одат само до блиските на семејството на претседателот и до оние што ќе бидат избрани да водат бизнис. Тоа пак создава средна класа која е лојална на системот. Во исто време ги оневозможува сите други кои се обидуваат самостојно да работат, бидејќи немаат врски со власта. Можеби затоа власта во земјата троши двојно повеќе за да ја задржи стабилноста во земјата, отколку за социјална помош.

,,Неправично е на таков начин да се делат националните пари. Учителите во Азербејџан не живеаат, туку преживуваат. Не можам да си дозволам многу со мојата плата, но платите на полицајците се зголемуваат секоја година и тие веќе се богаташи.,,

Тие заработуваат повеќе од два и помалку од десет долари на ден. Ги има над две ипол милијарди. Тие не се средна класа според западните вредности...


Вели Арзу Хусеинова, која предава национална литертура во едно средно училиште во Баку. Властите, како што додава, се против средната класа која може да стане предводник на социјалните промени во земјата. Денешната политичка опозиција на режимот е предводена од исламистите кои ја користат моќта на религијата како нивна организациона сила.

Во други земји, средната класа е слаба поради тоа што е разединета. Ова особено важи за Иран каде што модерната средна класа на урбани професионалци се против традиционалната класа на продавачи, познати како базарџии. Исламската револуција во 1979 година успеа делумно и поради силносто партнерство меѓу свештениците и базарџиите. Во последните постизборни протести во Иран, според аналитичарите, најбројни биле од редовите на модерната средна класа поради тоа што владата не е во состојба да ги реши нивните економски проблеми, невработеноста и инфлацијата:

,,Судирот меѓу двете средни класи во Иран посебно стана јасен по претседателските избори. Традиционалната средна класа, која ги промовира вредностите на Исламската револуција е предизвикана од новата средна класа која има универзални барања за реформи и која ја сочинуваат студенти и професионалци.,,

Наведува Казем Аламдари, предавач по социологија на државниот универзитет во Калифорнија.

На Балканот, Ирак и Авганистан војните ги испратија нивните средни класи во побезбедни држави. Тешко дека мирот во нивните земји ќе ги врати назад. А ќе треба многу време пред да може да израсне нова домашна средна класа.

Кога војните доѓаат, луѓето од дното на општеството успеваат најбргу, велат експертите додавајќи дека воените црноберзијаши сега се богати и ја контролираат судбината на земјата.

Сепак, со текот на времето средната класа би требало да се развива со што ќе ја преземе својата адекватна улога во општеството. Но дали тогаш тие ќе го одберат патот на демократијата и слободата или?

Развојот и времето најдобри пријатели на средната класа

Во Кина, Индија, во таканаречените тигри од југоисточна Азија и во делови од Јужна Америка и поранешниот Советски сојуз се појавува нова трговска класа. Во нив спаѓаат луѓето, кои според некои локални стандарди, третина од нивната заработувачка можат да ја трошат на нешто друго освен на храна и домување.

,,Тие заработуваат повеќе од два и помалку од десет долари на ден. Ги има над две ипол милијарди. Тие не се средна класа според западните вредности.,,
Демократскиот капитализам има сериозен конкурент, а тоа е авторитативниот капитализам во руска или кинеска верзија...

Вели Џон Паркер, од магазинот Економист задолжен за за глобализациски прашања. Според него, оваа своевидна средна класа ќе станува се поголема. Но дали таа ќе стане и носечката сила за поголема демократија? Трендот во Русија покажува дека всушност расте бирократијата во земјата.

,,Господин Гризлов, претседател на Думата на конгресот на Единствена Русија се пожали дека нашата бирократија секоја година се зголемува за 100 илјади луѓе. Ако е така тогаш за само осум години добивме поголема бирократија од онаа во Советскиот сојуз.,,

Вели московскиот политички научник Дмитри Орешкин, наведувајќи дека по распадот на комунизмот во земјата се развие еден вид на авторитативен капитализам, каде што државата го има монополот врз сите економски извори и социјални услуги. За некои аналитичари токму овој вид капитализам сега се појавува како голем конкурент на западниот.

,,За прв пат по 1989 година, демократскиот капитализам има сериозен конкурент, а тоа е авторитативниот капитализам во руска или кинеска верзија. Тој не е интересен за Западот, туку за земјите во развој.

Оценува историчарот Тимоти Гартон Еш.,,
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG