Поделени коментари меѓу нашите слушатели за најновата тема во рубриката Хајд парк: Дали им верувате на медиумите и дали во Македонија има слобода на говорот?
Морам да ви признаам, почитувани, дека, се надевав на повеќе ваши коментари, тргнувајќи од големиот број коментари на нашето претходното прашање за хомосексуализмот, кога навистина испративте досега најмногу коментари. Што наведува на заклучок дека сте чувствителни на таа тема. Како и да е, нашето ново прашање, „Дали им верувате на медиумите и дали во Македонија има слобода на говорот“, не верувам дека не ве засега, и се надевам дека во наредниве денови ќе си го кажете своето мислење.
Според досега испратените, се чини дека слабо има задоволни од нашата работа. Алек од Скопје, како со иронија да оценува дека слобода постои, но нема професионалност. Слобода, вели постои, сите се слободни да ги изразат своите партиски и бизнис интереси. За новинарите вели дека се фрцкаат на плоштад и сами си земаат изјави, а уредувачките политики не се менуваат и на крај страда публиката. Или имате храна за партиски фанатици, или се промовираат нечии бизнис интереси, анализи речиси и да нема, вели Алек.
Георге или Џорџ, не знам како гласи името, бидејќи е напишано на латиница, смета дека медиумите и новинарите имаат слобода и дека дури, оделе кон анархија. Овој наш слушател особено е против изданијата на ВАЦ и А1 ТВ и вели, претпоставувам ги знае работите во Европа, дека ако некој медиум во Европа би се однесувал така, немало да постои ниту 24 часа.
Најостар е Зоки од Скопје, кај кого како да се забележува партиска нишка во мислењето, бидејќи веднаш се фаќа за партиите, односно вели дека сите што пишувале против власта биле платени од Сорос и дека македонскиот народ тоа го знаел, па СДСМ затоа никогаш не можел да дојде на власт. Овој наш слушател е и против невладините организации, иако тие се основата за развојот на демократијата во едно цивилно општество и смета дека медиумите во Македонија биле оставени да кажуваат што сакаат.
Некој слушател потпишан како Господ пишува дека половината и повеќе медиуми секогаш биле од страна на власта. Со менење на власта, пишува Господ, се менат и самите вести. Погледнете ги МТВ, Сител и други. Тој смета дека е тешко некој да се осмелува да пишува отворено и дека слободата на мислењето единствено можела да се забележи и да дојде до полн израз по блоговите и по електронските форуми.
Вашиот коментар на оваа тема може да го оставите во рубриката Хајд Парк.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5