Реформа на концептот на здравствено осигурување. Деновиве на јавноста ќе и бидат презентирани двата нови модела.
Откако ќе се види ставот министерството ќе одлучи што треба да биде најбитно во однос на реформирањето на концептот, велат оттаму. Засега двата модела се презентирани пред владата. Немаше јавна расправа. Во Здружението за заштита на правата на пациентите немаат никакви информции кои се однесуваат на тоа кои се новите предлози за здравствените палети, а она што го бараат е транспарентно нивно разгледување:
,,Заради тоа што составот за здравствниот пакет во суштина има многу силна рефлексија врз платната ситуација на населението и затоа треба многу сериозно да се разгледа, да се слушнат мислењата како на професионалците, така и на пациентите."
изјави доктор Весна Велиќ Стефановска. И во синдикатот на здравствените работници очекуваат да добијат нивно разгледување. Велат дека кај нас концептот мора да се корегира зошто е тежок да се одржи. Пакетот не е променет со години, вели доктор Симо Сиљановски:
,,Нема доволно средства. Зравството е потрошувач, најголемиот потрошувач, има пропусти во кои што многу би заштедиле, а би било подобро после тоа, помоќен би бил системот."
Со цел порационална организација министерството претходно најави и регионализација. За помалку да се троши и болниците во внатрешноста се планира да бидат специјализирани. Оваа новина беше проследена и со реакции дека недостатокот на апарати и кадар во внатрешноста засега не претставуваат солидна основа за да почне истата. Работите треба да се движат и во правец на превенцијата за да се заштеди, вели др Сиљановски:
,,Во Словенија на пример има еден пакет, доколку не се јавувате на систематски преглед, тој што добива карцином сам си плаќа, бидејќи не доаѓал на систематски преглед, значи малку граѓаните треба да бидат према себе обзирни, па нели правиме бесплатни прегледи."
Досега официјално иако имаме бесплатен пакет осигурниците плаќаат голема количина пари од својот џеб за да го остварат лекувањето. Со оглед на ова новиот пакет е нешто многу важно што со внмение и транспрентно треба да биде разгледано, нагласува Стефановска:
,,Треба да имаме во предвид дека економската компонента не смее да биде пресудната компонента, а жртва практично да биде здравјето на пациентите."
Осигурениците на терен сигурно плаќаат меѓу 50 до 70 осто, а тоа е големо оптоварување. Во многу ситуации плаќањето се прави зошто одредени анализи и снимања осугурениците немаат можност да ги направат во јавното здравство и го плаќаат во приватано по што повторно се враќаат во јавно здравство да го продолжат лекувањето.
Нема доволно средства. Зравството е потрошувач, најголемиот потрошувач, има пропусти во кои што многу би заштедиле, а би било подобро после тоа, помоќен би бил системот
,,Заради тоа што составот за здравствниот пакет во суштина има многу силна рефлексија врз платната ситуација на населението и затоа треба многу сериозно да се разгледа, да се слушнат мислењата како на професионалците, така и на пациентите."
изјави доктор Весна Велиќ Стефановска. И во синдикатот на здравствените работници очекуваат да добијат нивно разгледување. Велат дека кај нас концептот мора да се корегира зошто е тежок да се одржи. Пакетот не е променет со години, вели доктор Симо Сиљановски:
,,Нема доволно средства. Зравството е потрошувач, најголемиот потрошувач, има пропусти во кои што многу би заштедиле, а би било подобро после тоа, помоќен би бил системот."
Треба да имаме во предвид дека економската компонента не смее да биде пресудната компонента, а жртва практично да биде здравјето на пациентите