Политиката навлегува во сите сфери од општеството, а најактуелен пример е процесот на лустрација. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за таквата ситуација.
Последните политички случувања само потврдуваат дека политиката бескурпулозно навлегува во сите пори на општествениот живот. Лустрацијата стана партиска пресметка, изборот на новиот претседател на Уставен суд е главна тема на препукување помеѓу власта и опозицијата... тоа велат политичарите, станува неподносливо.
За владејачката ВМРО-ДПМНЕ оваа појава е стара, а интенција на власта велат оттаму била да ги деполитизира оние сегменти кои треба да бидат независни.
„И секој обид за департизација во последниот период се толкува како партизирање, напротив мислам дека сите треба да поработиме на тоа некои сфери од општеството да бидат департизирани, односно политиката што помалку да се меша во нив“, вели Зоран Петревски од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата, пак, смета дека власта е одговорна за таквата ситуација, која според нив се прави со цел да се одвлече вниманието на јавноста од актуелните проблеми кои ги засегаат граѓаните.
„Ги одвлекуваат македонските граѓаните од она што најмногу ги боли, а тоа го покажуваат сите анкети, тоа е сиромаштијата, невработеноста, подобриот живот и европските и НАТО интеграции. Така што ова го гледам делумно во функција на политичка игра која што како нус производ го има буквално труењето на граѓаните со политички продукти прилично бајати“, изјави Гордан Георгиев од СДСМ.
Отворањето на досиејата за неколку високи функционери од Демократската унија за интеграција, од оваа партија го искоментираа како напад врз политичкиот и општествениот идентитет и интегритет на Албанците во Македонија, кој како што изјавија се прави на начин кој е доста опасен во однос на стабилноста на регионот и земјата. Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи вчера изјави дека не е исклучена можноста оваа партија кривично да ги гони оние кои стојат зад обелоденувањето на досиејата.
За експертите, пак, ваквиот развој на настаните може да влијае врз содржината на претстојниот извештај од Европската комисија.
„Цела оваа работа мислам дека ќе биде наведена и во извештајот од ЕК, која што многу години наназад ја истакнува партизацијата на администрацијата, судството, не сум оптимист дека оваа година ќе има напредок“ изјави аналитичарот Љуљзим Хазири.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во насока на департизација на некои сегменти од општеството како на пример, судството биле и новите измени на судските закони и реформите во тек, со цел ниту една власт во иднина да не влијае на изборот на судии.

И секој обид за департизација во последниот период се толкува како партизирање, напротив мислам дека сите треба да поработиме на тоа некои сфери од општеството да бидат департизирани.
„И секој обид за департизација во последниот период се толкува како партизирање, напротив мислам дека сите треба да поработиме на тоа некои сфери од општеството да бидат департизирани, односно политиката што помалку да се меша во нив“, вели Зоран Петревски од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата, пак, смета дека власта е одговорна за таквата ситуација, која според нив се прави со цел да се одвлече вниманието на јавноста од актуелните проблеми кои ги засегаат граѓаните.
„Ги одвлекуваат македонските граѓаните од она што најмногу ги боли, а тоа го покажуваат сите анкети, тоа е сиромаштијата, невработеноста, подобриот живот и европските и НАТО интеграции. Така што ова го гледам делумно во функција на политичка игра која што како нус производ го има буквално труењето на граѓаните со политички продукти прилично бајати“, изјави Гордан Георгиев од СДСМ.
Ги одвлекуваат македонските граѓаните од она што најмногу ги боли, а тоа го покажуваат сите анкети, тоа е сиромаштијата, невработеноста, подобриот живот и европските и НАТО интеграции.