Новинарите ќе бираат нов претседател

Новинари на прес конференција

Изборот на нов претседател на Здружението на новинари што ќе се одржи на 20 ноември, шанса преку промените да се зголеми кредибилитетот на Здружението.
Гласањето за избор на нов претседател на Здружението на новинари ќе се одржи на 20 ноември. За разлика од минатото според новиот статут право на гласање ќе имаат сите членови на Здружението на принцип еден човек еден глас и секој ќе може да се кандидира за функцијата. Кој ќе влезе во трката ќе биде познато на самиот ден на гласањето. Генералниот секретар на ЗНМ, Газмент Ајдини вели дека промените се направени за да се зголеми кредибилитет и легитимитет здружението.
Ова според мене ќе биде клучен момент за ЗНМ уште повеќе да ги зацврсти своите позиции во таа борба за реализација, за заштита на новинарските права, но и од другиот аспект за кој се бори ЗНМ, а тоа се професионалните стандарди за новинарите


,,Ова според мене ќе биде клучен момент за ЗНМ уште повеќе да ги зацврсти своите позиции во таа борба за реализација, за заштита на новинарските права, но и од другиот аспект за кој се бори ЗНМ, а тоа се професионалните стандарди за новинарите."

ЗНМ ќе започне и кампања за подигнување на свеста на новинарите за да се вкучат сите во изборот. Според Ајдини регистрирани членови има 1360, но статусот го имаат регулирано само 180, а за да биде изгласан нов претседател треба да гласаат 15 отсто од членовите. Што повеќе новинари земат учество толку поголема ќе биде моќта на здружението во иднина, вели тој.
Од новинарското востание

,,Веќе четири години го повторувам тоа, дека само солидарноста може да не спаси, ако успееме да ги собереме можеби не 1 300 членови, но ако Здружението добие меѓу 800 и 1000 новинари ако тоа успееме да го направиме, настапот на едно Здружение, па и на претседателот кој би бил претседател на 1000 новинари ќе биде многу појак механизам од било кој друг."
Не ќе може ништо да направи доколку сите новинари, еснафот не се реши да направи вистинско Здружение, бидејќи целосно е изгубена довербата во она што беше досега ЗНМ


Драган Антоновски од ,,Новинарско востание" вели дека новините се добра основа за почеток, но не се гаранција дека нешто навистина ќе се смени. Според него има волја само од страна на мала група на новинари и зависи од тоа како ќе се организира собранието и дали ќе има добар одзив на гласањето.

,,Дури да се случи се како што треба, според мене има сериозно многу работа, меѓутоа вложување од сите, ниту едно раководство не ќе може ништо да направи доколку сите новинари, еснафот не се реши да направи вистинско Здружение, бидејќи целосно е изгубена довербата во она што беше досега ЗНМ. Ако ни успее да ја вратиме довербата, а довербата може да ја вратиме само ако го одработиме тоа како што треба."

Во однос на најавите дека Македонија во извештајот на Европската комисија ќе добие критики за слободата на говор од ЗНМ велат дека се уште има политичко влијание во работата на медиумите и дека не е остварен никаков напредок години наназад.