Цената на златото на светските берзи расте, а на македонските граѓани со закон им е забрането тргување со злато
Цената на златото на светските пазари вртоглаво расте, а на македонските граѓани со закон им се забранува га го купуваат овој благороден метал или неговите акции на странските берзи. Додека во странство се тргува со акции преку популарно познатите „златни фондови“, се чини дека единствена опција за македонските државјани е купување накит во златара.
Директорот на „КБ Публикум“ Горан Марковски вели дека законот за инвестициски фондови, кој важи за единствените организации кои можат да ги пласираат парите на нивните клиенти на странски берзи, не дозволува купување на злато.
,,Законот за инвестициски фондови, не дозволува купување злато, или инструменти, хартии од вредност поврзани со движењето на цената на златото."
Единствена опција која ја имаат инвестициските фондови е купување акции од компании кои се бават со производство или трговија со злато, појаснува Марковски. Сепак, тие акции не секогаш ја рефлектираат цената на овој благороден метал.
,,Производителот како фирма има сопствени трошоци и доколку не ги прилагоди на некои нормални нивоа може да остварат и загуба."
Зошто злато? Затоа што парите на светските пазари се` повеќе гуват од вредноста, судејки по каматните стапки и инфлаторните трендови, вели Александар Манев од инвестицискиот фонд „Илирика“. Тој додава дека парите можат да се печатат, а златото сепак останува во ограничени количини.
,,Златото не може да се печати, неговите количини се лимитирани и поради инвестициската логика дека парите се помалку вредат, цената на златото расте."
Цената на златото вртоглаво расте а тоа го покажуваат и статистиките. Растот започнал пред две години, што е поволност за оние кои од тогаш почнале да тргуваат, вели Манев
,,Цената на златото е порасната за преку 120 проценти, така што оние инвеститори кои купувале злато или вложувале во компании кои се занимаваат со производство и преработка на злато имаат остварено високи приноси."
Инаку, цената на златото може да достигне 1.850 долари за унца до крајот на оваа година со оглед на зголемената побарувачка на благородниот метал што се користи како алтернатива за инвестиции, изјавил експертот на „Берклис Капитал“, Џонатан Спол.
Законот за инвестициски фондови, не дозволува купување злато, или инструменти, хартии од вредност поврзани со движењето на цената на златото
Директорот на „КБ Публикум“ Горан Марковски вели дека законот за инвестициски фондови, кој важи за единствените организации кои можат да ги пласираат парите на нивните клиенти на странски берзи, не дозволува купување на злато.
,,Законот за инвестициски фондови, не дозволува купување злато, или инструменти, хартии од вредност поврзани со движењето на цената на златото."
Единствена опција која ја имаат инвестициските фондови е купување акции од компании кои се бават со производство или трговија со злато, појаснува Марковски. Сепак, тие акции не секогаш ја рефлектираат цената на овој благороден метал.
,,Производителот како фирма има сопствени трошоци и доколку не ги прилагоди на некои нормални нивоа може да остварат и загуба."
Зошто злато? Затоа што парите на светските пазари се` повеќе гуват од вредноста, судејки по каматните стапки и инфлаторните трендови, вели Александар Манев од инвестицискиот фонд „Илирика“. Тој додава дека парите можат да се печатат, а златото сепак останува во ограничени количини.
Златото не може да се печати, неговите количини се лимитирани и поради инвестициската логика дека парите се помалку вредат, цената на златото расте.