Дали да се воведе варијабилен курс на денарот во однос на еврото, како што е тоа случај со американскиот долар? Од бизнис заедницата се поделени за ова прашање. Едни велат дека во неизвесни услови, фиксниот курс на денарот е поповолен, додека пак други сметаат дека фискниот курс го задушува стопанството, ја задушува ликвидноста и не овозможува повисоки стапки на раст.
Директорот на Сојузот на стопански комори Митко Алексов вели дека за бизнисмените, пред се членки на Сојузот, важна е предвидливоста:
„Знаеме дека можеби денарот е преценет во овој момент меѓутоа сметаме дека се уште би требало да се одржи стабилен курс на денарот.“
Фиксниот курс за бизнисмените не е толку битен колку стабилноста на соодносот денар-евро, додава Алексов.
„Може да флуктуира со одреден мал процент меѓутоа во секој случај треба да биде стабилен, бидејќи доколку се отпуштат од рака одредени монетарни сидра може да се направи една друга негативна спирала после која тешко ќе може да се контролира.“
Деновиве, експерти и бизнисмени предлагаа воведување на варијабилен курс на денарот, тврдејки дека фиксниот сооднос е неповолен за економскиот раст.
Д-р. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економија вели дека пред да се воведе варијабилен сооднос меѓу двете валути, потребно е да се процени подготвеноста, пред се` на Народната банка:
„Не би било лошо, меѓутоа треба да се види дали Централната банка е во состојба тоа да го спроведе без некои големи измени или ефекти по инфлаторните очекувања на стопанството и генерално на јавноста.“
Флексибилниот курс, според Глигоров, генерално е поволен.
„Тоа е веројатно добро од гледна точка на тоа што некои од главните македонски партнери, да речеме Србија, имаат флексибилен курс.“
Македонија има склучено пакт со еврото. Во изминативе неколку години едно евро се продава за речиси 62 денари, што не е случај со останатите валути. За илустрација, пред околу 8 години еден долар се продаваше за седумдесетина денари. Денеска еден долар се продава за околу 44 денари.

Знаеме дека можеби денарот е преценет во овој момент меѓутоа сметаме дека сеуште би требало да се одржи стабилен курс на денарот.
„Знаеме дека можеби денарот е преценет во овој момент меѓутоа сметаме дека се уште би требало да се одржи стабилен курс на денарот.“
Фиксниот курс за бизнисмените не е толку битен колку стабилноста на соодносот денар-евро, додава Алексов.
„Може да флуктуира со одреден мал процент меѓутоа во секој случај треба да биде стабилен, бидејќи доколку се отпуштат од рака одредени монетарни сидра може да се направи една друга негативна спирала после која тешко ќе може да се контролира.“
Деновиве, експерти и бизнисмени предлагаа воведување на варијабилен курс на денарот, тврдејки дека фиксниот сооднос е неповолен за економскиот раст.
Не би било лошо, меѓутоа треба да се види дали Централната банка е во состојба тоа да го спроведе без некои големи измени или ефекти по инфлаторните очекувања на стопанството и генерално на јавноста.