Достапни линкови

Падот на еврото нема да влијае на македонската економија


Падот на еврото на светските берзи нема многу да се одрази врз економијата во земјата, сметаат дел од домашните експерти. Од фирмите извозници велат дека засега не почуствувале некои битни разлики бидејки пред се извезуваат во земји кои не се дирекно врзани со еврото.

Професорот Мирољуб Шукаров вели дека тоа што вредноста на еврото паѓа нема да се одрази врз македонската економија.
Македонија има врзан курс за еврото, значи ако еврото паѓа, курсот на денарот спрема еврото не се менува. А, со оглед на тоа што најголем дел од надворешните трговски партнери на Македонија се од ЕУ, нема посебно да се почувствува ефектот на намалувањето на вредноста на еврото.


„Македонија има врзан курс за еврото, значи ако еврото паѓа, курсот на денарот спрема еврото не се менува. А, со оглед на тоа што најголем дел од надворешните трговски партнери на Македонија се од ЕУ, нема посебно да се почувствува ефектот на намалувањето на вредноста на еврото.“

Професор Шукаров вели дека поголемо влијание ќе имало доколку Македонија има поголема трговска ориентација кон земји кои немаат евро за своја национална валута.

„На пример САД, но нашиот извоз, па и узвоз од таму е маргинален.“

Јован Дабевски од фирма извозник вели дека досега не почуствувале некакви разлики во својата работа.

„Немаме многу голем одраз дали е паднато еврото или не е. Не чувствуваме никаква разлика, можеби подоцна ќе има задоцнет ефект, но моментно не.“

Еврото во изминатиот период почна да губи од својата вредност, а пред десетина дена го достигна и најниското ниво за десет месеци во однос на доларот. И покрај тоа што вредноста на еврото паѓа, денарот ќе остане стабилен поради фиксниот курс, велат експертите. А, и заштедите на граѓаните во евра се заштитени, нивната вредност нема да се намалува.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG