Белгискиот претставник Мелкиор Ватле со порака да не се злоупотребува либерализацијата откако повеќе Роми и Албанци од кумановскиот крај побарале азил во Белгија.
Во Белгија и во земјите на Европската унија не можете да добиете ниту работа, ниту пари, ниту куќа. Од таму можете да понесете само фрустрации, им порача државниот секретар за иселеништво и емиграција на Кралството Белгија, Мелкиор Ватле, при посетата на Куманово, на сите Роми и Албанци кои од поширокиот кумановски регион заминуваат во земјите на Европската унија и бараат економски азил.
„Многу е јасно дека можете да останете во ЕУ само во период од три месеци. И во тие три месеци имате право да патувате, да посетувате итн. Меѓутоа немате никакво право да барате азил или пак работа. Проблемот тука не е во посети, туку проблемот е во злоупотребата на визната либерализација, а тој може да се реши само со властите тука.“
Оваа порака следува откако последниов месец повеќе од стотина ромски и албански семејства од Куманово и Липково заминале во Белгија и во други западноевропски земји, со надеж дека ќе добијат економски бенефит.
Зекир Ќазимовски од Обединетата ромска заедница го оправдува и поддржува емигрантскиот бран. Тој објаснува дека Ромите особено тешко ја преживуваат зимата, кога им се потребни пари не само за храна, туку и за топла облека, огрев.
„Не знам на кој начин и како заминуваат. Но, знам дека се заминати повеќе од сто семејства, кои бараат подобар живот. Секој има свои роднини и пријатели во Германија, Белгија и во некоја друга земја.“
Тој ги обвинува политичките претставници од ромската етничка заедница кои во институциите на системот се безгласни:
„Затоа економската состојба на Ромите е целосно зависна од политиката во државата. Ги оправдувам и ги подржувам бидејќи немаат основни егзистенцијални услови“, дециден е Ќазимовски.
Тој вели дека ромските невладини организации во овој период не работат на економски, туку на образовни проекти.
Градоначалникот Зоран Дамјановски, пак, вели дека состојбата на сите оние кои се фаќаат на мамка од одредени агенции или поединци да заминат во земјите на ЕУ не е сосема таква каква што ја прикажуваат. Тој има сознанија дека од јавните претпријатија заминале луѓе со трајни решенија за работа и отишле да бидат економски азиланти.
„Македонија не е во група на земји која има нарушена демократија за да можеме да имаме политички азил. Од друга страна, Македонија е кандидат членка за ЕУ и на вакви начини не може да се премостуваат проблемите. Треба да знаат граѓаните дека на овој начин нема отварање врата во европска заедница.“
Ватле рече дека се прават напори за помагање на целиот регион, а емигрирањето и азилот, можат да наштетат на односите со ЕУ или Белгија. Такви проекти ќе продолжат и општините ќе можат да ги користат. Со Владата на Македонија, Министерството за труд и социјална политика, локалните самоуправи и пријателските земји на ЕУ, синхронизирано ќе работат и тоа на повеќе нивоа, да се запре емигрантскиот и азилантски процес.
Многу е јасно дека можете да останете во ЕУ само во период од три месеци. И во тие три месеци имате право да патувате, да посетувате итн. Меѓутоа немате никакво право да барате азил или пак
работа.
„Многу е јасно дека можете да останете во ЕУ само во период од три месеци. И во тие три месеци имате право да патувате, да посетувате итн. Меѓутоа немате никакво право да барате азил или пак работа. Проблемот тука не е во посети, туку проблемот е во злоупотребата на визната либерализација, а тој може да се реши само со властите тука.“
Оваа порака следува откако последниов месец повеќе од стотина ромски и албански семејства од Куманово и Липково заминале во Белгија и во други западноевропски земји, со надеж дека ќе добијат економски бенефит.
Зекир Ќазимовски од Обединетата ромска заедница го оправдува и поддржува емигрантскиот бран. Тој објаснува дека Ромите особено тешко ја преживуваат зимата, кога им се потребни пари не само за храна, туку и за топла облека, огрев.
„Не знам на кој начин и како заминуваат. Но, знам дека се заминати повеќе од сто семејства, кои бараат подобар живот. Секој има свои роднини и пријатели во Германија, Белгија и во некоја друга земја.“
Тој ги обвинува политичките претставници од ромската етничка заедница кои во институциите на системот се безгласни:
Македонија не е во група на земји која има нарушена демократија за да можеме да имаме политички азил. Од друга страна, Македонија е кандидат членка за ЕУ и на вакви начини не може да се премостуваат проблемите.