Без партиски консензус пред НАТО самитот

Можат ли да се договорат? Лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ Бранко Црвенковски и Никола Груевски

Се подгреваат политичките тензии во Македонија пред извештајот на Европската Комисија и самитот на НАТО.
Во периодот на исчекување на извештајот на Европската комисија и резултатите од Самитот на НАТО во ноември политичките партии повеке внимание обрнуваат за тоа што се случува на домашен план и на меѓусебните препукувања, изјави и реакции на изјави. Најголемата опозициска партија реши од 11 октомври да ја почне серијата митинзи низ неколку градови во
...Владата, институциите и целото општество, во насока на обезбедување на членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО е сосема соодветен и како таков верувам дека ќе вроди со плод,
Македонија за промена на според нив не народната власт. Ова според нив треба да отвори пат и кон деблокирање на евроинтегративните процеси. За ВМРО ДПМНЕ пак Македонија води надворешна политка која се темели врз принципите што се утврдени и како такви функционираат од почетоците на независноста на државата

„По однос на остварувањата на надворешно политичките приоритети, сметаме дека начинот на кој се однесува владата, институциите и целото општество, во насока на обезбедување на членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО е сосема соодветен и како таков верувам дека ќе вроди со плод,“ изјави Александар Спасеновски.

Во ЛПД планираат да почекаат да помине самитот на Нато и извештајот на ЕК и да видат кој е концептот на премиерот и дали го има во однсо на најголмиот проблем а потоа може да се оди на предвремни избори. Дотогаш оваа партија продолжува да укажува на потребата од имање консензис за најважните надворешни прашања

„Да седнеме во Собранието на седница, ако треба и на затворена, и да излеземе со заеднички став. Затоа што, ако правиме анализа од почетокот на преговорите до сега Македонија никогаш не седнала на преговарачка маса со еден изграден заеднички став меѓу власта и опозицијата.“

Имањето консзензус за надворените параша за СДСМ е веке потрошена тема
Евентуалните избори, ќе отворат можност, евентуално при формирањето на владата да се направи приоритетна листа каде што првото место ќе биде влезот во НАТО и ЕУ...


„Евентуалните избори, ќе отворат можност, евентуално при формирањето на владата да се направи приоритетна листа каде што првото место ќе биде влезот во НАТО и отпочнувањето преговори за членство во ЕУ. Тоа евидентно не може да се направи со оваа политичка гарнитура.“ изјави Владо Бучковски

.За албанскиот коалициски партнер сите политички партии треба да излезат пред се оние што имаат најголема одговорност за решавање на спорот со името и деблокирање на евроинтеграциите и да се фокусираат на суштинските проблеми

„Значи, партиите треба да се фокусираат на суштествените проблеми, а не на фолклорот, како што тоа се покажува дека е случај до сега,“ изјави Ермира Мехмети.

Лидерот на оваа партија Али Агмети деновиве се врати од Брисел каде имаше средби на кои теми биле евроатланските интеграции на земјава.