Меѓународните пораки се јасни, референцата ФИРОМ е минато и таа не може да биде основа на домашните надежи дека без решение на спорот за името може да се напредува кон ЕУ и НАТО. А нив ги подгрева според последните изјави владејачката гарнитура во пресрет на НАТО самитот во Лисабон. Дел од македонските експерти од областа на меѓународното право на ваквата можност гледаат како на нереална и неодржлива со оглед на тоа што со неа не би се согласила ниту меѓународната заедница ниту Грција, а за каков и да е напредок јасно се бара единствено решавање на спорот. Што се однесува до властите со ваквите настапи тие се обидуваат да покажат заби за да ја вратат изгубената меѓународна позиција во обид да ги олеснат преговорите, а истовремено играјќи на премисата колку е поголем отпорот кон Грција толку е поголем аплаузот на домашна сцена, вели професорот Ивица Јосифовиќ.
Дефокусирање на јавноста?
,,Велејќи дека сега не сакаат да не примат ниту под име со географска одредница за да ни го загарантираат, името, културата и јазикот, не сакаат да не примат ниту под референцата ФИРОМ, епа тогаш ние веќе незнаеме што да правиме, односно дека нема потреба да се преговора и тоа би било можеби крајниот елемент кога би дошло во таква ситуација да се прекинуваат преговорите.“
Ваквото владино однесување може да значи и купувањето време или дефокусирањето на јавноста од вистинската димензија на проблемот, додава аналитичарот Алберт Муслиу.
,,Можно е да е дојдено до заклучок во владеачката партија дека ова прашање неможат да го решат или нема атмосфера кај владеачката партија ова да се реши, така што се дефокусира јавноста дека ова прашање може да се реши, се купува малку време.“
По Букурешт, јасно ни е ставено и преку документите со кои тие институции кореспондираат со нас, дека решавањето на спорот за името е услов кој би ги отворил нашите врати за НАТО и ЕУ. Можеби решенијата кои би се базирале на времената спогодба би биле возможни порано, појаснува Муслиу доколку нашата дипломатија земеше поинаков правец во односите со грчката страна и се обидуваше да повикува на нејзините обврски коишто потекнуваат од времената спогодба. За жал дипломатијата на двете страни потоа тргна во поинакви насоки а некакво затоплување се случи дури во последнава година.
Можно е да е дојдено до заклучок во владеачката партија дека ова прашање неможат да го решат или нема атмосфера кај владеачката партија ова да се реши, така што се дефокусира јавноста дека ова прашање може да се реши, се купува малку време