Поскапување на струјата

Експертите велат дека поскапувањето на струјата е неизбежно, но треба да се прави постепено и државата да воведе социјални пакети за сиромашните граѓани.
Поскапување на струјата е неизбежно, но треба да се прави постепено и државата да воведе социјални пакети за ранливите групи граѓани, препорачуват експертите по највите за поскапување на струјата. Европската комисија неодамна препорача повисока цена на струјата, која наместо како досега да има политичка или социјална цена, треба да има пазарна, со што ќе може да се воведе либерализација на енергетскиот пазар. На ова, земјава е обврзана пред Енергетската заедница. Професор Константин Димитров вели дека електричната енергија треба да си ја достигне вистинската вредност.

„И нема бегање од судбината, тоа е нормално, но да биде тоа постепено - 10 отсто, па 15 отсто... После 2015 година јас претпоставувам дека цената на струјата ќе биде двојно повисока за нас граѓаните, бидејќи моментално на пазарот електричната енергија што се продава е двојно поскапа во однос на нашата произведена енергија.“

Граѓаните, пак, велат дека им се стемни од нови поскапувања на струјата:

„Секое поскапување се одразува негативно, посебно на струјата која е неопходна, животна потреба.“

„Не е убаво. Немаме толкави примања, за да е усогласено.“

Илустрација: Далновод

„Стандардот е многу мал, не знам како ќе поминеме, мали се платите.“

За да се намалат реакциите на граѓаните од поскапувањето на струјата, државата треба да им помага на они на кои им е потребно, вели професор Христо Карталов.

„Ние не сме социјална држава, немаме социјални сервиси кои што тоа бргу, фронтно ќе го согледаат. Мојата недоверба е тука.“

Досега, Владата најави субвенции за социјалните семејства, од 600 денари за сметките за струја.
Профосор Димитров вели дека треба да се смени свеста на луѓето и да се научат да штедат.

„Треба да научат како да штедат електрична енергија на сите начини. Гасот е многу добро решение. Треба голема кампања за да им се објасни на луѓето за полека да почнат да се подготвуваат. Граѓаните да размислуваат, да ги опоменеме дека доаѓаат потешки времиња во однос на тоа.“

Струјата последен пат поскапе на 1 јануари годинава, кога цената скокна за 10 проценти.

Дали во Македонија има вистинска сиромаштија или луѓето неосновано се жалат. Коментирајте тука.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Хајд Парк - Вистинска или лажна сиромаштија?