Уште осум индустриски зони ќе се градат во преспанско-пелагонискиот регион, покрај битолската „Жабени“ која и по четири години се уште се урбанизира и нема привлечено инвеститори.
Предвидено е нови зони да никнат во Крушево, Ресен, Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани и две во Прилеп. Неизвесно е кога ќе бидат готиви зашто најголемиот дел од општините се уште немаат донесено урбанистички планови, не е поставена инфраструктура, ниту пак е решена сопственоста на земјиштето.
„Земјиштето е се уште под концесија на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ засадено со житни култури, сопстевноста допрва ќе се решава. Инфраструктура скоро и да има, но треба мал дел да се спроведи, тука е регионалниот пат и водоводот и канализацијата на 200-300 метри. Но, урбанистички план немаме се уште донесено“, вели Лазар Котевски, градоначалник на Новаци.
Подготовките на зоните ќе бидат огромен финансиски товар за општините, посебно за помалите кои не се финансиски моќни или се задолжени. Трошоците ќе се движат од половина милион евра за помалите до два милиони евра за поголемите зони. Дел од општините чекаат финансиска помош од Владата за да ги донесат урбанистичките планови.
„Овој простор беше строго наменски изграден и урбанизиран за преработка и складирање на тутун, меѓутоа од икс причини тоа не се реализира. Тој простор е урбанизиран, а годинава преку програмата на Владата, конкуриравме и се надеваме дека ќе добиеме дел од потребните средства за преуредување на таа урбанистичка зона. Парцелизирање на помали парцели зашто станува збор за површина од 20 хектари, и нормално сето тоа да се уреди со потребната инфраструктура, вода, пат итн.“, вели Славко Велевски, градоначалник на Могила.
Со ваквата стратегија, цела Пелагонија ќе биде пронижена со индустриски зони, на оддалеченост од дваесетина километри, во период кога заради кризата и нестабилноста на регионот инвеститори нема многу.

Земјиштето е се уште под концесија на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ засадено со житни култури, сопстевноста допрва ќе се решава. Инфраструктура скоро и да има, но треба мал дел да се спроведи, тука е регионалниот пат и водоводот и канализацијата на 200-300 метри. Но, урбанистички план немаме се уште донесено.