Новинарски синдикат

Трибина за потребата од новинарски синдикат

Новинарски синдикат е повеќе од потребен, се согласија учесниците на трибината на тема „Новинарски синдикати - потреба и перспективи“ .
Неплатени одмори, не се плаќа прекувремената работа, цензура, недоразбирања со газди, политички притисоци, се само дел од проблемите кои ги наведуваат речиси сите учесници. Тие се недеваат дека проблемите може да се надминат само со формирање на силен синдикат. Луѓето кои со години се занимаваат со новинарство велат дека и досега имало многу обиди да се формира синдикат, но се останувало на декларации и желби. Новинарот Драган Антоновски вели дека треба да се смени тоа што со години за новинарството се интересирааат сите - и политичари и газди и бизнисмени и странци, сите освен новинарите. Тој вели дека владее еден песимизам меѓу новинарите дека состојбите можат да се подобрат.

„Да направиме еден исчекор што можеби еве и од првото новинарско востание почнавме да го правиме, да дадеме нешто од себе, не заради некаков проект, не за некакви пари, чисто онака, во име на професијата, затоа што не случајно и логото е ’За новинарството се работи’.“

Драган Антоновски, новинар

Проблеми има, а тие можат да се решат само ако новинарите се соберат во голем број и формираат синдикат, прво секој во совојата редакција, а потоа во еден репрезентативен синдикат кој ќе ги брани правата на сите, вели новинарот Горан Теменугов.

„Треба да се фокусираме на тоа како сме платени, какви се условите за работа и како сме заштитени.“
Да направиме еден исчекор што можеби еве и од првото новинарско востание почнавме да го правиме, да дадеме нешто од себе, не заради некаков проект, не за некакви пари, чисто онака, во име на професијата, затоа што не случајно и логото е ’За новинарството се
работи’.

Новинарката Мира Костиќ, како преставник од ЗНМ, вели дека често се мешаат улогите на здружението и на тоа што треба да го прави синдикатот. Костиќ вели дека досега имало неколку иницијативи за формирање синдикат, но се уште ништо од тоа.

„Меѓутоа се остана само на зборови, кога требаше да направиме нешто на дело, кога требаше да влеземе во нашите организации, остана само на декларативна заложба, да, ни треба. Ни недостасува волја.“

И од Македонскиот институт за медиуми ја подржуват иницијативата за формирање новинарски синдикат. Директорката на институтот Билјана Петковска вели дека состојбите во новинарството се загрижувачки, а за тоа сведочат и резултатите од истражувањето кое го направиле за работните односи во медиумите во земјата.

Директорката на Македонскиот институт за медиуми, Билјана Петковска

„Уредниците, а потоа газдите им забраниле да се вклучат во процесот и да дадат било какви податоци кои што ги регулираат нивните работни односи.“

Учесниците на трибината се согласија дека сега е вистинскиот момент да се формира синдикатот.