Според експертите, Македонија како учесник во антитерористичката коалиција не може да биде изолирана од заканите по глобалната безбедност, но не е примарен таргет.
Во моментот не постои опасност за безбедноста на ѓраѓаните, ситуацијата е под контрола и се следи, смируваат во Министерството за внатрешни работи, по последните предупредувања за можни терористички напади во Европа. Сепак, надлежните посочуваат дека Македонија не може да биде изолирана од заканите за глобалната безбедност, особено поради фактот што е членка на антитерористичката коалиција.
„За сега МВР не располага со никаква порелевантна информација за каква било посериозна информација за закана по јавната безбедност во Македонија, односно каква било закана од терористички напади“, вели Иво Котевски од МВР.
По минатонеделниот повик од Стејт департментот до американските граѓани да ги одбегнат патувањата во поголемите европски центри поради можни напади од терористичката Ал Каеда, упатените посочуваат дека земјава е потенцијален противник на оние што се закануваат, но не може да биде примарен таргет.
„До сега не сме имале некоја серија на закани во изминатите 7-8 години, затоа што не не третирале како примарен партнер или стратешки партнер во тие коалиции. Македонија има симболично учество во тие коалиции и од тоа стојалиште мислам дека не може да биде третирана како клучна во тие коалиции“, изјави Стево Пендаровски од Американ-колеџот во Скопје.
Истото мислење го дели и професор Стеван Буџаковски. Според него земјава не е целосно подготвена да спречи евентуален напад.
„Не можеме да кажеме дека во потполност сме подготвени, ни требаат уште подготовки и на човековиот партнер којшто е вклучен во сузбивање и превенција на тероризмот, но и за доопремување на овие служби што се занимаваат со тоа.“
Експертите велат дека надлежните органи мора да ги преземат сите превентивни мерки и навремено да реагираат. Тоа, посочува Пендаровски, подразбира координација со соодветните служби во регионот и пошироко.
„Затоа што тероризмот се спречува само и само преку размена на информации. Сами македонските безбедносни органи не можат да го спречат тоа, бидејќи едноставно немаат информации, што некој подготвува во, незнам, планините на Кандахар.“
Досега Македонија не била мета на терористички акт. Дури и за убиството македонските граѓани кои беа случајни жртви на такви напади во Ирак или Авганистан, не беа посочени политички причини, велат експертите додавајќи дека ниту еднаш во јавноста не се слушнал повик до Македонија да се повлече од таа коалиција.
„За сега МВР не располага со никаква порелевантна информација за каква било посериозна информација за закана по јавната безбедност во Македонија, односно каква било закана од терористички напади“, вели Иво Котевски од МВР.
За сега МВР не располага со никаква порелевантна информација за каква било посериозна информација за закана по јавната безбедност во Македонија, односно каква било закана од терористички
напади.
По минатонеделниот повик од Стејт департментот до американските граѓани да ги одбегнат патувањата во поголемите европски центри поради можни напади од терористичката Ал Каеда, упатените посочуваат дека земјава е потенцијален противник на оние што се закануваат, но не може да биде примарен таргет.
„До сега не сме имале некоја серија на закани во изминатите 7-8 години, затоа што не не третирале како примарен партнер или стратешки партнер во тие коалиции. Македонија има симболично учество во тие коалиции и од тоа стојалиште мислам дека не може да биде третирана како клучна во тие коалиции“, изјави Стево Пендаровски од Американ-колеџот во Скопје.
Истото мислење го дели и професор Стеван Буџаковски. Според него земјава не е целосно подготвена да спречи евентуален напад.
До сега не сме имале некоја серија на закани во изминатите 7-8 години, затоа што не не третирале како примарен партнер.