Во извештајот на Стејт департментот се наведува дека македонската влада соработува и со нејзините регионални партнери, како и со Европската унија и Интерпол.
Македонија соодветно го обезбедува оружјето за кое се заинтересирани терористите, се додава во извештајот, во кој се констатира дека земјата придонесува во Меѓународните безбедносни сили во Авганистан.
Бројот на македонските војници во минатата година изнесуваше 240, прецизира Стејт департментот, наведувајќи дека македонската влада лани обучила со контратерористички техники неколку стотици полицајци и воен персонал.
Исто така се додава дека Македонија во координација со американската амбасада во Скопје и во партнертсво со банкарскиот сектор, тесно соработува во спречувањето на финансирањето на тероризмот и перењето пари.
Инаку, во извештајот, Стејт департментот оценува дека Ал Каеда, и покрај минатогодишните загуби во Пакистан, се уште еприлагодлива и оти сега дејствува преку посредници.
Ал Каеда, како што се наведува, активно оперативно подготвувала напади врз Соединетите Држави и врз цели во светот, поврзани со западните земји.
Во извештајот се констатира и дека минатата година бил забележан најмал број на терористички напади во светот во изминативе пет години.
Терористите лани извршиле 11 илјади напади за разлика од 2006 година кога биле изведени 14 и пол илјади.
Рас Треверс, заменик директор на Националниот Центар за контратероризам, вели дека намалувањето на бројката не мора да означува и напредок во борбата против тероризмот.
„Ние веќе неколку години истакнуваме дека глобалната бројка не е особено корисен начин за мерење на успехот против терористите. Зошто? Па во минатата година имаме заведено околу 250 групи во 83 земји. Тоа се различни локации, различни агенди.“
Треверс додава дека само лани, во Авганистан имало за четири пати повеќе терористички напади отколку во 2005 година.
Во извештајот на Стејт департментот исто така се наведува дека Ал Каеда, за остварување на своите цели, се повеќе привлекува американски граѓани и тоа посебно во Пакистан, Јемен и Сомалија.
„Ние научивме нешто друго важно во минатата година. Претпоставката дека Американците имаат некој посебен имунитет за идеологијата на Ал Каеда беше разбиена“, изајви Дениел Бенџамин, координатор во Канцеларијата за контратероризам на Стејт департментот.
Според него, и покрај тоа што проблемите со радикализацијата во Соединетите Држави се помали од некои западни земји, сепак неколкуте случаи лани покажале дека треба да се остане буден.
Македонија соодветно го обезбедува оружјето за кое се заинтересирани терористите, се додава во извештајот, во кој се констатира дека земјата придонесува во Меѓународните безбедносни сили во Авганистан.
Бројот на македонските војници во минатата година изнесуваше 240, прецизира Стејт департментот, наведувајќи дека македонската влада лани обучила со контратерористички техники неколку стотици полицајци и воен персонал.
Исто така се додава дека Македонија во координација со американската амбасада во Скопје и во партнертсво со банкарскиот сектор, тесно соработува во спречувањето на финансирањето на тероризмот и перењето пари.
Инаку, во извештајот, Стејт департментот оценува дека Ал Каеда, и покрај минатогодишните загуби во Пакистан, се уште е
Ние научивме нешто друго важно во минатата година. Претпоставката дека американците имаат некој посебен имунитет за идеологијата на Ал Каеда беше
разбиена.