Состојбата во затворите е подобрена, но треба уште многу да се работи, вели Мауро Палма претседател на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа.
Каков е вашиот впечаток за состојбата во која се наоѓаат македонските затвори?
Македонските затвори се реновираат, се воведуваат инвестиции, и тоа инвестиции во поглед на мислење, проектирање и градење. Сепак, сегашните услови во некои македонски затвори, како на пример во Идризово, се уште се, би рекол, застрашувачки. Стариот дел на Идризово беше во многу лоши услови поради што ние имавме обврска, согласно специјалните одредби на нашата мисија, да побараме од македонските власти веднаш да го затворат петтото крило на затворот Идризово, да ги префрлат затворениците во друг дел на објектот и под итно да направат дезинфекција и реновирање.
Зошто побаравте петтото крило од заторот Идризово да биде затоврено? Колку беше лоша состојбата таму? Можете ли да ни опишете?
Ситуацијата во крилото беше таква што затворениците се чуваа во многу тесни простории, во нечистотија.
Ги немаше елементарните хигиенски услови, немаше душеци, а се шетаа и инсекти. Свесен сум дека надлежните знаеа каква е состојбата и сакаа да ја променат. Откако ние направивме притисок тие веднаш реагираа и тоа е добар знак за соработка.
Изминативе три години во извештаите на Комитетот се посочуваат проблемите за лош третман на затворениците, за лошите животни услови. Дали денес има некакви промени?
Да, третманот на затворениците е подобрен. Сега нема случаи на преместувања.
Се уште има проблеми во одредени делови на полициските операции и во делот на лишувањето од слобода.
Но сепак, работите не се како во минатото, значи ситуацијата се подобрува.
И надлежните и властите имаат нови погледи. Имајќи го тоа предвид, не можеме да кажеме дека овој феномен е комплетно искоренет - се уште го има, но сега работиме на подобрување на ситуацијата.
Дали годинава Владата ќе си го исполни ветувањето за подобрување на состојбата со затворите?
Морам да кажам дека ова прашање за затворите, и во иднина се надевам и психијатриските болници и другите институции
за кои се интересираме, овие прашања се во агендите, во политичките агенди; тоа е важно.
Во минатото овој проблем не се земаше предвид. Сега се наоѓа во агендите, и се надевам дека тоа ќе резултира во нов пристап кон проблемот. Не станува збор само за проблем со материјалните услови. Се проблематизира и менаџмент со овие институции, соодветно обучување на лицата кои работат таму и подобрување на нивните работни услови.
Погледнете го видео интервјуто со Мауро Палма:
Вашиот пребарувач не подржува HTML5