МВР вели дека ги презема сите мерки, откако вчера ИВЗ повторно побара правна помош од институциите за спречување на радикалните групи. ИВЗ ги повика и странските амбасади.
МВР и стои на располагање на ИВЗ и е подготвено да ги преземе сите мерки кои се во согласност со законот. Вака полицијата ги коментираат барањата на ИВЗ за преземање мерки во однос на ширењето на вахабизмот во земјава. Портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека во повеќе наврати биле одржани средби меѓу ИВЗ и МВР на кои биле разменети мислења околу актуелните проблеми и начините според кои МВР законски може да постапи:
„МВР од свој аспект во континуитет ги следи случувањата и подготвено е да реагира во оној момент кога ќе постојат соодветни докази дека станува збор за некое кривично дело што е казнивно согласно кривичниот закон на Македонија.“
Исламската верска заедница вчера повторно изрази загриженост поради противзаконското и неконтролирано делување од радикалните вахабистички индивидуални дејствувања и освен државните институции ги повика и акредитираните амбасади во Македонија особено на САД и ЕУ да ја подржат и да преземаат мерки против радикалните групи оценувајќи дека нивната основна цел е да го нарушат имиџот на исламот како вера, а и имиџот на народот и да ја спречат неговата интеграција во ЕУ и НАТО. Во американската амбасада засега се без реакција на барањето.
Професор Осман Кадриу вели дека ИВЗ со право бара правна заштита од полицијата обвинителството и судството затоа што при вршење на верските обреди се доведуваат во прашање правата, но и сигурноста на граѓаните:
„Некои дејствија имаат елементи на кривично дело. Станува збор за одредени појави, одредни групи, да не кажам и одредени секти,можеби има и такви.“
Македонија е дел од меѓународната коалиција за борба против тероризмот, а македонските безбедносни служби во таа насока соработуваат со сите странски партнерски служби велат во МВР. Досега полицијата интервенираше во случајот кога во соработка со американските служби беше откриена невладина организација на која и беа трансферирани сметки од друга невладина организација. Според ИВЗ радикалните исламисти имаат најголеми настојувања за функционирање во главниот град Скопје, каде се обидуваат да ги основаат нивните јадра - центри. Затоа, ИВЗ алудира и кон надворешната јавност. На почетокот радикалните исламисти се инволвираа во џамијата Јаја Паша, потоа преминаа во друга џамија, а ситуацијата кулминираше со инцидент во џамијата Иса Беј во текот на летото.
МВР од свој аспект во континуитет ги следи случувањата и подготвено е да реагира во оној момент кога ќе постојат соодветни докази дека станува збор за некое кривично дело што е казнивно согласно кривичниот закон на Македонија.
„МВР од свој аспект во континуитет ги следи случувањата и подготвено е да реагира во оној момент кога ќе постојат соодветни докази дека станува збор за некое кривично дело што е казнивно согласно кривичниот закон на Македонија.“
Исламската верска заедница вчера повторно изрази загриженост поради противзаконското и неконтролирано делување од радикалните вахабистички индивидуални дејствувања и освен државните институции ги повика и акредитираните амбасади во Македонија особено на САД и ЕУ да ја подржат и да преземаат мерки против радикалните групи оценувајќи дека нивната основна цел е да го нарушат имиџот на исламот како вера, а и имиџот на народот и да ја спречат неговата интеграција во ЕУ и НАТО. Во американската амбасада засега се без реакција на барањето.
Професор Осман Кадриу вели дека ИВЗ со право бара правна заштита од полицијата обвинителството и судството затоа што при вршење на верските обреди се доведуваат во прашање правата, но и сигурноста на граѓаните:
„Некои дејствија имаат елементи на кривично дело. Станува збор за одредени појави, одредни групи, да не кажам и одредени секти,
Станува збор за одредени појави, одредни групи, да не кажам и одредени секти, можеби има и такви.