За експертите, скратувањето на буџетот и мандатот на членовите на Антикорупциската комисија е упад во нејзината независност.
Скратувањето на буџетот на Комисијата за спречување на корупција и на мандатот на нејзините членови за една година за претседателот на оваа институција Илми Селами е обид на владата да ја контролира нивната работа.
„Сето тоа без никакво образложение, сето тоа се прави знаејќи при тоа дека се нарушува едно уставно начело кое што значи правнасигурност, институционална сигурност на луѓето што работат во тие институции. Буквално се врши упад во работата и независноста на државната Комисија за спречување на корупцијата.“
И за експертите независноста на Комисијата зависи од нивото на желбата на владејачката структура, бидејќи кога таа ја има моќта да ја укине, тогаш тешко може да се говори за ефикасност во спречување на корупција. Претседателот на Транспарентност Нулта Корупција, Слаѓана Тасева вели дека на Антикорупциска и се одземени сите можности за работа.
„За жал ова се многу познати методи коишто ги користат сите држави кога имаат проблем со ваквите институции. Најчесто тоа е ситуација кога тие институции си ја работат работата, па сакаат на некој начин да ги спречат во нивната работа.“
За Сашо Ордановски од Транспарентност Македонија, во популистички режими како што е овој на премиерот Никола Груевски, вели тој, борбата против институциите кои не и одговараат на власта се води преку намалување на ингеренциите, вели. Тоа е класичен метод преку кој се прави се за да се ограничи нивното влијание и делување, вели тој:
„Се покажува дека секоја институција која што ќе покаже желба да биде независна и да си ја исполнува со закон и со други акти дадената функција, дека наидува на проблеми со оваа власт и дека власта има ефикасни методи како тоа да го спречи.“
Антикорупциска досега функционираше како продолжена рака на владата и тоа сега и се враќа како бумеранг, затоа потребно е да се зголеми интегритетот на вработените, вели Тасева.
„Најсилното оружје во ваква ситуација е професионалноста и личниот интегритет на членовите на Комисијата.“
За Ордановски, излезот не е да се обезбеди независноста на буџетот или кадрите на антикорупскиска, проблемот е што власта и тогаш наоѓа начин како да им се спротистави.
„Се работи за проблем, за ’фабрички дефект‘ кај власта, а тоа е едно нетрпение кон каква било критика. Тие сакаат да ги имаат сите институции како ,,новогодишна елка" да бидат таму, да се кажува дека функционираат, но кога практично ќе профункционираат, тогаш гледаат како да ја скратат нивната независност.“
Министерството за правда веќе ги подготвува измените во законот за спречување на корупцијата.
„Сето тоа без никакво образложение, сето тоа се прави знаејќи при тоа дека се нарушува едно уставно начело кое што значи правна
Буквално се врши упад во работата и независноста на државната Комисија за спречување на корупцијата.
И за експертите независноста на Комисијата зависи од нивото на желбата на владејачката структура, бидејќи кога таа ја има моќта да ја укине, тогаш тешко може да се говори за ефикасност во спречување на корупција. Претседателот на Транспарентност Нулта Корупција, Слаѓана Тасева вели дека на Антикорупциска и се одземени сите можности за работа.
„За жал ова се многу познати методи коишто ги користат сите држави кога имаат проблем со ваквите институции. Најчесто тоа е ситуација кога тие институции си ја работат работата, па сакаат на некој начин да ги спречат во нивната работа.“
За Сашо Ордановски од Транспарентност Македонија, во популистички режими како што е овој на премиерот Никола Груевски, вели тој, борбата против институциите кои не и одговараат на власта се води преку намалување на ингеренциите, вели. Тоа е класичен метод преку кој се прави се за да се ограничи нивното влијание и делување, вели тој:
Се покажува дека секоја институција која што ќе покаже желба да биде независна и да си ја исполнува со закон и со други акти дадената функција, дека наидува на проблеми со оваа власт и дека власта има ефикасни методи како тоа да го
спречи.