Граѓаните на Србија, на неколку дена пред седницата на Генералното собрание на Обединетите нации не знаат каква е политиката на нивната влада спрема Косово. Владата вели дека имала стратегија за сите можни исходи за резолуцијата што Србија ја предложи во Обединетите нации, но не соопштува за што станува збор. Аналитичарите не очекуваат поголем пресврт на српската политика.
Повикувајќи се на извори во српската влада, локалните медиуми пренесуваат дека Србија на 9 септември во Њујорк ќе биде решителна и оти има стратегија дури и во случај резолуцијата да не биде усвоена. И со тоа, како што се нагласува, Србија не можела многу да загуби во дипломатската борба за Косово.
Сепак, Србија може да очекува голема сметка од меѓународната заедница. Српската апликација за кандидатура веќе осум месеци е блокирана и воопшто не е извесно кога ќе и биде проследена на Европската комисија.
Кон ова и фактот дека Германија се уште ја нема ратификувано Спогодбата за стабилизација и асоцијација што Србија ја потпиша со Европската унија.
И покрај ваквата неповолна ситуација, аналитичарите не веруваат дека Србија ќе се откаже од досегашната политика спрема Косово. Според Душан Јањиќ, Србија скапо ќе ја чини тоа што не се откажа од резолуцијата што и ја предаде на Светската организација.
„Србија едноставно ја губи содржината, станува демографски старо население и тука се крие тајната зошто другите имаат време, а Србија не. Европската унија има време да ја сочека Србија да остари и, од потреба, да се отвори спрема другите. Време има и Русија да си игра со Србија, бидејќи знае дека кризите во Грузија и Украина ќе траат подолго. Само Србија нема време, но нејзината елита знае дека за ова време треба што повеќе да украде, а не да ја спасува Србија“, вели аналитичарот Јањиќ.
Во врска со тоа каква би можела да биде ситуацијата на српската политичка сцена доколку Белград доживее уште пораз во Генералното собрание на Обединетите нации, поранешниот американски амбасадор во Хрватска и во Србија Вилијам Монтгомери вели:
„Тоа што би сакал да се случи е главните политички партии да се соберат и да кажат: Србија направи се што можеше и наместо да ја напаѓаме владата затоа што не успеа, да ги здружиме силите и да тргнеме напред. Тоа би сакал да го видам, но не верувам дека тоа и ќе се случи. За жал, мислам дека политичките партии во Србија ќе продолжат да го злоупотребуваат косовското прашање за свои партиски интереси.“
Ексамбасадорот Монтгомери прецизира дека само стратегијата како најдобро да им се помогне на косовските Срби отвара широк преговарачки простор за решавање на косовското прашање.
Сепак, Србија може да очекува голема сметка од меѓународната заедница. Српската апликација за кандидатура веќе осум месеци е блокирана и воопшто не е извесно кога ќе и биде проследена на Европската комисија.
Кон ова и фактот дека Германија се уште ја нема ратификувано Спогодбата за стабилизација и асоцијација што Србија ја потпиша со
Европската унија има време да ја сочека Србија да остари и, од потреба, да се отвори спрема другите. Време има и Русија да си игра со Србија, бидејќи знае дека кризите во Грузија и Украина ќе траат подолго. Само Србија нема време, но нејзината елита знае дека за ова време треба што повеќе да украде, а не да ја спасува Србија.