Поделбите да престанат

Амбасадорот на ОБСЕ Хозе Луис Хереро

Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Хозе Луис Хереро повика да престанат поделбите по етничка линија кај младите.
Воведување настава во средните училишта во етнички мешани смени не би можела да се спровде во догледен период велат дел од експертите, но во Струга каде што живее голем процент на албанската популација според градоначалникот во минатата учебна година наставата се о
Во никој случај не дојде во прашање да имаме етнички смени. И покрај тоа што порано имало инциденти по училиштата , може да биле банални, но некој им даде политичка конотација...
држувала во мешани смени и паралелки. Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во земјава, Хозе Луис Хереро при средбата со комисијата за етнички заедници во Струга повика да престане поделбата меѓу младите за да се подобрат меѓуетничките односи.

Градоначалникот Рамиз Мерко вели дека изјавата на амбасадорот е погрешно интерпретирана и дека тој ги советувал како што било досега наставата и во иднина да се практикува во мешани смени. Мерко признава дека во минатата година имало поделба на паралелките, бидејќи имало инциденти со политичка позадина, но сега тоа е минато:

„Во никој случај не дојде во прашање да имаме етнички смени. И покрај тоа што порано имало инциденти по училиштата, може да биле банални, но некој им даде политичка конотација. Истите деца, заедно повторно сме ги гледале по кафиќи, манифестации, и ден денеска граѓаните на Струга живеат и се дружат без разлика на етничката припадност.“
Од протестот на албанските невладини организации

Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција вели дека во Македонија нема клима за интегрирано образование, бидејќи поделеноста на етнички план сеуште многу се чуствува.

„Ако тоа наеднаш се спроведе, не може. За тоа треба поголема елаборација, едукација, за да се едуцираат и децата и наставниот кадар, па да се почне со некои експериментални паралелки.“

Образовниот систем според Димовски има услови да се хомогенизира, но клучна улога треба да одиграат политичките субјекти и мора на случајот да се работи трпеливо и внимателно. Хереро изјави дека интегрираното образование е едно од клучните прашања од рамковниот договор и тоа останува главен предизвик. Од комисијата за етнички заедници во Струга пак соопштија дека престои уште многу работа за подобрување на односите во Струга, а за проблемите ги обвинија неодговорните политичари.