Справување со инфлацијата

Експертите и порачуваат на власта дека ќе мора внимателно да се справи со инфлацијата за да го зачува социјалниот мир.
Зголемувањето на трошоците и инфлацијата се лоши вести за жителите на Македонија, на неколку наврати посочија економските аналитичари. Власта мора внимателно да се справи со оваа состојба со цел да обезбеди социјален мир и да го задржи својот рејтинг препорачуваат упатените. Од опозицијата, пак, велат дека владините одлуки ја предизвикале инфлацијата и повикуваат на менување на стратегијата. Најавите за инфлација следеа по предвидувањата дека прехрамбените производи може да поскапат, поради сушите во
Значи иако Македонија е мала земја и влијаат глобалните фактори на инфлацијата итн, сепак има механизми кои на Владата и стојат на располагање за тие процеси да ги ублажи или да ги контролира
земјите од каде Македонија увезува пченица. Комуникологот Петар Арсовски вели дека ниту една владеачка гарнитура не сака да се соочи со проблеми кои се „прелеани“ од странство.

,,Но, за политичкиот маркетинг односно политичката комуникација на владата најважно е што таа планира да направи по тоа прашање. Значи иако Македонија е мала земја и влијаат глобалните фактори на инфлацијата итн, сепак има механизми кои на Владата и стојат на располагање за тие процеси да ги ублажи или да ги контролира.“

Министерот за финансии Зоран Ставрески посочи дека не е можно власта директно да влијае на цените во пазарната економија. Тој најави интервенции со стоковите резерви доколку за тоа се создаде потреба. Но, сепак се чини дека поскапувањето на животните трошоци не остана само можност. Жителите на земјава веќе плаќаат поскапа струја од лани а скокна и цената на парното греење. Од тука се поставува прашањето дали е поволно за социјалниот мир ако власта планира индиректни интервенции, а цените сепак растат? Арсовски одговара:
Во услови кога сите земји забрануваат извоз на цените, нашата влада веројатно врз основа на погрешни проценки што ги прави постојано, забрани узов на пченица иако беше со пониска цена


,,Мислам дека македонските гласачи, односно македонската јавност многу брзо станува еманципирана, многу брзо престануваат да поминуваат прости заблуди, така што граѓаните веќе се доволно свесни и доволно внимаваат на тоа што ќе каже владата и што ќе испорача и таквите недостатоци директно се реперкуираат на нејзиниот рејтинг.“

Од опозицијата посочуваат дека инфлацијата била предизвикана од ограничувањата за увоз на пченица од странство. Власта несоодветно ги процени ефектите од таквата одлука, смета Марјанчо Николов од СДСМ:

,,Во услови кога сите земји забрануваат извоз на цените, нашата влада веројатно врз основа на погрешни проценки што ги прави постојано, забрани узов на пченица иако беше со пониска цена и сега поради тоа се покачи цената на житото и на брашното и граѓаните на Македонија ќе бидат принудени да плаќаат поскап леб и поскапи производи.“

Инаку, минатата недела Народната банка најави дека стапката на инфлација во Македонија може да достигне 2 наместо 1 процент како што се предвидуваше во април.