И покрај тоа што посетеноста е голема, а лековитоста на водата надалеку позната никој не вложува во реновирањето на Кумановска Бања.
Лековититот геотермален извор во Кумановска Бања повеќе од две столетија лекува посетители не само од Куманово, туку и од соседните градови, од Србија и македонски граѓани на времена работа во странство. И токму толку време речиси ништо не се вложува за нејзиното модернизирање, осовременување. Во објектот во кој се наоѓа само еден базен секои половина час се сменуваат групи мажи и жени, 12 часа дневно и тоа само во летните месеци. Околу бањата пак расфрлани пластични ќеси, шишиња, неискосена трева. Во бањата децении наназад нема лекар, а корисниците на лековитата вода прават бањи по препораки на нивни познаници и пријатели. По половина час два пати дневно поминуваат во базенот не знаејќи дали тоа е правилно или не. А ги има од сите возрасти.
„Водата освежува. Од неа заздравуваат раните, добра е за вид и за гинеколошки болести.“
Дали подмладува?
„Освежува. Да, па тоа е, подмладува.“
Какви се условите?
„Ако се помалку луѓе во групата подобро е.Треба да има посебен базен за жени, посебен за мажи.“
„Има добри реакции. Ми препорачаа пријатели.“
Петнаесетгодишно момче од Србија раскажува дека четири години доаѓа во бањата. Лековитата вода му помогнала да ги надмине проблемите со видот кои ги добил од уплав додека летувал на море.
„Паднав во вода и се исплашив. Трепкав, очите ме болеа и ми беа црвени. Не можев добро да гледам. Сега е подобро.“
За условите во бањата:
„Условите се никакви, особено за влегување и излегување. Не знам што точно лекува, но добра е и за здравите луѓе.“
Бањата лекува заболувања на нервниот систем и на системот за варење, шеќерна болест, на жолчката, бубрезите, прележан хепатит, хронично воспаление на дебелото црево, бешиката, гинеколошките, стоматолошките и друго, забележале медицинските стручњаци и истражувачи на овој геотермален извор. По лековитоста Кумановска Бања е дури и подобра од Бањата Виши во Франција, изворите во Вилдунген и Рудолфовиот извор во Маријанске Лазни, а слична е со водите во Врњачка и Буковичка Бања во Србија. И покрај неколкуте легенди за делотворноста на оваа вода таа повеќе од два века е анонимна и неуредена. Кумановци секојдневно во редици полнат вода во пластични садови без да знаат дека таа треба да се пие на самиот извор и тоа наутро, на празен желудник. Бањското лекување подразбира правилно и дисциплинирано однесување кое особено кумановци не го почитуваат. А со смената на општествено-политичките услови овој извор од вулканско едногено потекло експлоатиран е од разни газди, од кои никој ништо не вложува, иако е само на три километри од градот.
Водата освежува. Од неа заздравуваат раните, добра е за вид и за гинеколошки болести
„Водата освежува. Од неа заздравуваат раните, добра е за вид и за гинеколошки болести.“
Дали подмладува?
„Освежува. Да, па тоа е, подмладува.“
Какви се условите?
„Ако се помалку луѓе во групата подобро е.Треба да има посебен базен за жени, посебен за мажи.“
„Има добри реакции. Ми препорачаа пријатели.“
Петнаесетгодишно момче од Србија раскажува дека четири години доаѓа во бањата. Лековитата вода му помогнала да ги надмине проблемите со видот кои ги добил од уплав додека летувал на море.
„Паднав во вода и се исплашив. Трепкав, очите ме болеа и ми беа црвени. Не можев добро да гледам. Сега е подобро.“
Условите се никакви, особено за влегување и излегување. Не знам што точно лекува, но добра е и за здравите луѓе