Во Велес без гужви за лични документи

За промената на патните исправи во Велес нема гужва. Долгите редици ги снема откако службата започна да им закажува на граѓаните.
Времето на чекање за фотографирање за добивање на нов биометриски пасош е само 10 дена додека за лична карта - околу деведесет дена. За овој тренд на брза промена на патните исправи да продолжи и во наредниот период од СВР Велес апелираат граѓаните точно во закажаниот термин да бидат во Управното одделение.
Ситуацијата во оделението за управни работи сега засега во Велес сега засега е на задоволително ниво. Граѓаните се должни да го почитуваат тој термин и да се појават на закажаната дата и во закажаното времесо цел аплицирање за документите.


„Ситуацијата во оделението за управни работи сега засега во Велес сега засега е на задоволително ниво. Граѓаните се должни да го почитуваат тој термин и да се појават на закажаната дата и во закажаното времесо цел аплицирање за документите“, вели Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Биометриски патни исправи може да се добијат и по таканаречената брза постапка. Стојковска вели дека во случај граѓаните да решат да ги променат патните исптави по брза постапка тогаш нема потреба од закажување за фотографирање.

„Добивањето на патните исправи по итна постапка односно аплицирање за истите нема потреба од закажување.Граѓаните може да дојдат во било кој работен ден од 8.30 до 16.30 или секоја прва сабота“, вели Стојковска.

Бев за промена на личната карта, за пет минути завршив
работа.
Сокак во Велес

И издавањето на патните исправи според Стојковска е во законски определениот период. Граѓаните задоволни од одлуката на МВР на овој начин да се создаде ред во процесот на промената на патните исправи.

„Од кога почнаа да работат институцииве за вадење на пасош со закажување, мислам дека многу полесно оди и побрзо. Имавме закажано знаевме кога да дојдеме, се сликавме и се беше завршено за пет минути.“

„Бев за промена на личната карта, за пет минути завршив работа“, велат случајно анкетираните велешани.

Статистиката на МВР говори дека поголем дел од граѓаните во Велес ги имаат променето старите со нови биометриски исправи.